3.8 C
Скопје
23:17 - 20 декември, 2024

Три сценарија за смртноста од коронавирусот во Шведска

Шведска веќе има една од најцрните статистики на смртни случаи од коронавирусот во однос на населението. Според најновите податоци, до вчера во оваа скандинавска земја се регистрирани вкупно 5.646 смртни случаи и 78.166 потврдени случаи на заразени лица, со што таа е една од најтешко погодените земји во светот, иако надлежните потенцираат дека инфекцијата се забавува, како и дека се намалува бројот на сериозни и фатални случаи.

Најверојатно сценарио на Агенцијата е дека откако ќе се забави епидемијата ќе се создадат жаришта низ целата земја, што ќе биде полесно или потешко да се контролираат.

-Ова е сценарио што е веќе видено во другите делови на светот и се чини дека го следи вообичаениот пат на Ковид-19, изјави главниот епидемиолог Андерс Тегнел.

Во оваа варијанта, заради ублажување на мерките стапката на заразата брзо би се зголемила затоа што луѓето повеќе би се дружеле, но, исто така, брзо ќе почне и да опаѓа во моментот кога ќе се сфати колкав е ризикот и ќе почнат повеќе да се почитуваат правилата, како што е физичката оддалеченост, објаснува Тегнел. Под едно вакво сценарио би умреле уште 3.200 луѓе.

Во најлошото сценарио се предвидени уште 5.800 смртни случаи доколку коронавирусот го следи класичниот пат на пандемијата.

Најдоброто сценарио е тоа кога би продолжил актуелниот тренд и тогаш би имало приближно 200 мртви, објави Хина.

The post Три сценарија за смртноста од коронавирусот во Шведска appeared first on Слободен печат.


Три сценарија за смртноста од коронавирусот во Шведска was first posted on јули 22, 2020 at 5:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....