4.8 C
Скопје
18:08 - 18 декември, 2024

Трето европско жариште: Преку 52.000 заразени и 3.500 починати

Во Франција во вторникот починаа рекорден број на луѓе од новиот коронавирус – дури 49, соопштија здравствените власти на таа земја.

Како што пренесува Би-Би-Си, властите планираат пациентите во критична состојба да ги префрлат во Париз во помалку погодените региони.

Во Франција, според најновите податоци досега од коронавирусот се заразени 52.128 луѓе, а починаа 3.523 лица и по бројот на смртни случаи таа земја е трета во Европа, а четврта во светот, веднаш зад Италија, Шпанија и САД.

Веќе три дена по ред, бројот на заболени во Франција расте, иако властите на таа земја се обидуваат да го забават ширењето на болееста, пишува порталот Франс24. Само за 24 часа, помеѓу понеделникот и вторникот, бројот на заразени порасна за 17 отсто, како и бројот на починати.

Директорот на Агенцијата за здравје, Жером Саломон рекол дека засега во вкупната бројка на смртни случаи ги вбројуваат само починатите во болниците, но дека тој број ќе биде многу поголем кога ќе се додадат и починатите во домовите за пензионери.

The post Трето европско жариште: Преку 52.000 заразени и 3.500 починати appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....