Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека коронавирусот на крај ќе „исчезне“ и додаде дека е против воведувањето на мерки за носење на маски на национално ниво.
– На крајот на краиштата ќе бидам во право. Реков од порано дека коронавирусот ќе исчезне и тоа сега повторно го кажувам. Ќе исчезне и јас ќе бидам во право – вели Трамп во интервјуто кое го емитуваше американската телевизија „Фокс њуз“.
Повеќе од 60.00 луѓе се заразени со Ковид-19 во последните 24 часа во САД, додека од почетокот на пандемијата заразени се вкупно 3,7 милиони луѓе.
Трамп процени дека од многуте инфицирани се млади луѓе „кои ќе оздрават за еден ден“.
Американскииот претседател од претходно рече дека е против воведување на задолжително носење на маска на национално ниво иако некои сојузни држави ја воведоа таа мерка.
– Не, сакам луѓето да имаат одредена слобода. Не се согласувам дека вирусот ќе исчезне ако сите носат маски – рече Трамп кој само еднаш во јавноста е забележан со маска на лице.
The post ТРАМП ЗА ПАНДЕМИЈАТА: Ковид-19 ќе исчезне, на крајот на краиштата јас ќе бидам во право appeared first on Слободен печат.
ТРАМП ЗА ПАНДЕМИЈАТА: Ковид-19 ќе исчезне, на крајот на краиштата јас ќе бидам во право was first posted on јули 20, 2020 at 9:16 am.