Американскиот претседател, Доналд Трамп на вчерашната прес-конференција го претстави новиот тест за коронавирус, според кој може да се дознае дали некој е позитивен на заразата за само пет минути.
Трамп пред Белата куќа го покажа новиот тест на компанијата Абот, според кој може да се дознае дали некој е позитивен на коронавирусот за пет минути, додека негативен резултат на заразата се добива за 13 минути.
Досегашните тестови, развиени во лабораториите, своите резултати ги даваат за четири до 8 часа.
САД моментално е најголемото жариште на коронавирусот, со 164,359 случаи на коронавирус, од кои 3,173 се починати.
The post Трамп престави нов тест за коронавирусот: Позитивен резултат се добива за само пет минути (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.