5.8 C
Скопје
21:28 - 16 ноември, 2024

Трагикомично e сега да се апелира да се купуваат македонски производи

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да труби дека економијата треба да се спасува со купување македонски производи. Дали ВМРО-ДПМНЕ не знае дека Македонија е узвозно зависна од храна и дека речиси сите продавници за облека и за други производи се затворени? Кои македонски фабрики во моментов ќе ги спасуваме со купување македонски производи, како што тие со денови алармираат?

Популистички е и трагикомично e во вакви услови да се апелира да се купуваат македонски производи. Уште поаматерски е да се каже дека тоа е начин на спасување на македонската индустрија. Тоа, во некое нормално време, без здравствена криза, кога на пазаров се борат нашите производи и оние дојдени од странство, е добар маркетинг за подигање на националната свест за домашното производство. Но сега, кога веќе се чувствува битката за обезбедување храна поради затворањето на национални економии за некои производи, како и поради транспортните бариери, реченицата: „Купувајте македонски производи“ е маркетинг за замајување на народот.

Од стратешките производи, Македонија има доволно свежо свинско месо, а јајца има за извоз. Потребите од пченица и брашно обично се задоволуваат со две третини од дома, но годишно се увезуваат и 110.130 тони пченица. Македонија е увозен зависник и на пилешко и на говедско, како и на преработки за месната индустрија, која пак сама ни оддалеку не може да ги задоволи потребите на граѓаните. Увозот на пилешко месо претставува најголем дел од вкупниот увоз на агропрехранбени производи.

Според податоците на Стопанската комора, во 2018 година биле увезени околу 25 илјади тони пилешко месо. Македонија е нето-увозник и на млеко и на млечни производи, за што годишно се трошат по 50 милиони долари. Немаме доволно ни масло за јадење.

Во Македонија многу малку се одгледува сончоглед, а го откупува велешката фабрика „Благој Ѓорев“. Оваа фабрика има капацитет за преработка на 40.000 тони сончоглед, но лани, и покрај договорното производство, откупи околу 6.000 тони. Маслото „Брилијант“ се добива со рафинирање на увезен полупроизвод, а дел од количините со масло за јадење во земјава се задоволуваат со увоз на готов производ од Србија. Како показател за нашата зависност од различни видови масла за јадење е и податокот што вкупниот увоз, од различни земји, на животински и растителни масла, масти и восоци, минатата година бил 44.782.000 евра.

Во вакви услови, добро ќе биде само да се обезбеди храна – од каде и да е. Секако, треба да се зачуваат и македонските фабрики. Здравствената криза вклучи аларм дека на нив, како и на земјоделството, треба да се мисли многу повеќе!

Во вакви услови, добро ќе биде само да се обезбеди храна – од каде и да е. Секако, треба да се зачуваат и македонските фабрики. Здравствената криза вклучи аларм дека на нив, како и на земјоделството, треба да се мисли многу повеќе!

The post Трагикомично e сега да се апелира да се купуваат македонски производи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....