Лидерот на најпопуларната италијанска политичка партија Лига и поранешен потпретседател на Владата Матео Салвини ја критикуваше ЕУ поради тоа што одолговлекува со донесувањето мерки со цел да се надминат последиците од коронавирусот, па дури и се закани дека земјата ќе излезе од ЕУ, пренесува порталот Афариталијани.
Говорејќи за сериозните противречности внатре во ЕУ, кога станува збор за мерките за надминување на последиците од пандемијата, Салвини изјави дека „тоа воопшто не е ‘Унија’ туку легло на змии и шакали“.
„Прво ќе го победиме вирусот, а потоа ќе размислиме за Европа. Ако биде потребно, ќе се простиме без да кажеме ниту благодарам“, искоментира тој.
Ден претходно е објавено дека италијанскиот премиер Џузепе Конте, во текот на онлајн конференцијата на 27 лидери на ЕУ, го отфрлил нацртот на конечниот документ за мерктите за надминување на последиците од пандемијата со коронавирусот. Тој им даде рок на колегите од 10 дена за да изнајдат адекватно решение, кое одговара на вонредната ситуација.
Премиерот во таа прилика изјави дека методите, кои ЕУ претходно ги разви и кои се однесуваат на финасиската и економската политика на одредени земји, не се погодни за да се реагира на актуелните предизвици.
Италија кон крајот на минатата недела ја престигна Кина по бројот на жртвите од коронавирусот. Според последните податоци, во Италија моментално од вирусот се заболени над 80.000 луѓе, а починаа 8.165 лица.
The post „Тоа не е Унија туку легло на змии и шакали“ – Салвини распали по ЕУ и се закани дека ќе излезат (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.