3.8 C
Скопје
20:22 - 20 декември, 2024

Тест за антитела на Ковид-19 за 20 минути, прецизен 98,6 отсто

Британските министри планираат да поделат милиони тестови за антитела на новиот коронавирус откако верзијата на тестот, поддржан од британската Влада, ги помина првите големи анализи.

Тоа е тест што анализира крв од прст за 20 минути и открива со 98,6 проценти точност дали некое лице било изложено на вирусот САРС-КоВ-2. Ова го покажаа тестовите спроведени врз луѓе во јуни.

Тестот беше развиен од британски компании за дијагностицирање, собрани во конзорциумот UK Rapid Consortium  и универзитетот Оксфорд.

„Се покажа дека тестот е 98,6 проценти точен и тоа е многу добра вест”, рече Крис Ханд, шеф на UK Rapid Consortium .

Претходните тестови за антитела достапни во Велика Британија вклучуваат испраќање примероци од крв за анализа исклучиво во лаборатории, што трае со денови.

Регулаторно одобрување се очекува во следните неколку недели, а десетици илјади прототипови веќе се произведени во фабриките низ целата земја.

Министрите се надеваат дека тестот познат како AbC ќе биде во масовна употреба пред крајот на годината. Најверојатно ќе бидат бесплатни и ќе се порачуваат преку интернет

The post Тест за антитела на Ковид-19 за 20 минути, прецизен 98,6 отсто appeared first on Слободен печат.


Тест за антитела на Ковид-19 за 20 минути, прецизен 98,6 отсто was first posted on јули 18, 2020 at 12:49 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....