3.8 C
Скопје
17:04 - 24 ноември, 2024

Тешко на тие што се тешко болни, ама не од ковид-19!

Се поголем е бројот на пациенти кои се жалат дека не успеале да добијат некоја здравствена услуга која им била потребна поради тоа што здравствениот систем работи рестриктивно откако се прогласи епидемијата. За жал има и примери кога пациентите завршуваат фатално чекајќи да дојдат на ред за саканиот преглед или операција. Лекарите велат дека овој индиректен морталитет од ковид-19 мора да се зема во предвид и да се бараат модалитети како да се намали. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе почне повторно нормално да функционира „Мој термин“, но откако повторно почна да расте бројот на заболени од ковид-19 рече дека оваа одлука се одложува.

„Се додека човек не почувствува на својот грб, не се соочува со реалната состојба! Така е, навистина е! Денес изгубив драг роднина кој почина од компликација што му ја предизвика мочниот меур. Мојот батко, четири месеци не доби шанса да биде болнички лекуван на Клиника во Скопје, ни во Штип. Многу контролни прегледи не можеше да ги направи поради епидемијата. Ако тоа право го искористеше можеби ќе се спасеше! Затоа барам здравствените власти да ми одговорат зошто не функционира Мој Термин, зошто лекарите од останатите медицински гранки, освен инфектолозите, мислам на супспецијалисти и професори не примаат пациенти, зошто пациенти не можат да се лекуваат од останати болести, нив да ги прифаќаат останатите клиники, клинички и општи болници“, пишува новинарката Убавка Јаневска на својот ФБ профил.

Во последните месеци пациенти воопшто не примаат скопските клиники како и другите болници, освен ако не станува збор за итен случаи. Но проблем настанува околу тоа што е итен случај, па пациентите се повеќе реагираат дека не ја добиваат потребната здравствена заштита. И во скопските поликлиники прегледите се закажуваат редуцирано.

Читателка на Слободен печат ни посочи дека минатата недела морале да ја носaт мајка и итно на една од скопските клиники, а кога стигнале таму им кажале дека не работат, освен со итни случаи кои им ги носи Брзата помош.

– Им кажавме дека мајка ми мора тука да биде примена по препорака од докторот кој ја прегледа во една приватна болница, но ни рекоа дека работеле само со итни случаи. Моравме да фаќаме врски за да ја примат – ни вели нашата читателка.

Пациентите се нервозни и нетрпeливи, три месеци веќе се одложуваат прегледи и операции што во некои случаи може да предизвика компликации и влошување на состојбата, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на матични лекари.

– Имаме многу реакции и поплаки од пациентите, особено хроничните кои, иако jа добиваат терапијата имаат потреба од консултација со специјалист заради промена на состојба. Два пати бев на состанок на Кризниот штаб и таму објаснив дека мора да се најде начин здравствениот систем да функционира и за пациентите кои немаат ковид-19. Не може операциите да се одложуваат во недоглед. Има случаи кога и хернија или она што народски се нарекува кила може да направи сериозни компликации. Исто е и со одложување на операциите на тироидната жлезда и тука имаме состојби кои не може со месеци да се одложуваат – објаснува Чолакова-Дервишова.

Таа вели дека нема три месеци термини за ехо на гради, ехо на простата, тироида жлезда. Една пациентка и се пожалила дека имала неуспешен обид за ин витро бидејќи го направиле без испитување на тироидната жлезда за што не можела да закаже термин.

– На Кризниот штаб дадовме и предлог да се обезбедат амбуланти со посебни влезови за оние кои имаат симптоми на ковид-19 и пациентите без симптоми. Мора да се гледаат сите пациенти – вели нашата соговорничка.

„Мој термин“ беше суспендиран со цел да се спречи ширење на вирусот во болниците. Кога бројките на новозаболени почнаа да се намалуваат министерот Венко Филипче рече дека ќе се врати во нормала здравствениот систем и ќе почне да се примаат пациенти. Но потоа оваа одлука беше одложена. Од Министерството за здравство денеска велат дека откако ќе почне да се намалува бројот на новозаболени од ковид-19 ќе се изготват нови протоколи за прием и лекување на пациентите. Но кога ќе биде тоа никој не може да каже.

The post Тешко на тие што се тешко болни, ама не од ковид-19! appeared first on Слободен печат.


Тешко на тие што се тешко болни, ама не од ковид-19! was first posted on јуни 11, 2020 at 3:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....