Полицијата во Минск ги затвори приодите кон централниот Плоштад на независност, каде се наоѓаат владината зграда и зградата на Централната изборна комисија, јави ТАСС.
Минск. Вот что сейчас происходит рядом с метро Пушкинская — море людей, цветы и флаги. pic.twitter.com/IVn1li06RT
— TUT.BY (@tutby) August 13, 2020
Полициските единици се распоредени и околу зградата на претседателската администрација.
Police arrests a man in Independence avenue in #Minsk #Belarus #Минск #беларус #Belarusprotests pic.twitter.com/c0likshXaL
— Geopolitika Consulting (@geopconsulting) August 13, 2020
Таму се паркирани над 10 автобуси со припадници на полициските интервентни единици, а доставена е и специјална опрема, што се користи за растурање демонстрациите.
Во меѓувреме, бројот на демонстранти расте. Според проценките на ТАСС, во центарот на Минск засега има неколку илјади луѓе.
Hundreds employees of Grodno Azot march to the city center. They chant “Long life Belarus”https://t.co/4s1qCkUyG5
— Denis Kazakiewicz (@Den_2042) August 13, 2020
Од соопштувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија во неделата, секојдневно во Минск и други градови се одржуваат протести, каде демонстрантите ги обвинуваат властите за изборен фалсификат.
Police car was honking together with protesters at Serebryanka, #Minsk
vid @belamova pic.twitter.com/RAys5ZJXOG— Denis Kazakiewicz (@Den_2042) August 13, 2020
Досега се уапсени најмалку 6700 демонстранти, не е познат бројот на повредените. Исто така, има повредени и полицајци во протестите.
The post Тензично во Минск: Полицијата ги затвори приодите кон Плоштадот на независноста, илјадници демонстранти се на улиците (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Тензично во Минск: Полицијата ги затвори приодите кон Плоштадот на независноста, илјадници демонстранти се на улиците (ВИДЕО) was first posted on август 13, 2020 at 8:19 pm.