Почина единаесетгодишниот Илче кој пред еден месец беше згрижен во семејна единица во Демир Капија откако претходно беше напуштен во семејната куќа во Охрид од двајцата родители.
Малиот Илче веќе неколку дена јаде од лажичка, а не преку сонда на Детска Клиника
Тој имаше ретка дијагноза, меѓутоа со медицинска грижа од тим од Детската клиника неговата здравствена состојба се подобри значително и беше пренесен во мал групен дом во селото Корешница. Меѓутоа, од засега непознати причини кои ги испитуваат истражните органи, Илче починал.
Филипче: Илче од Охрид здрав и расположен си заминува во мал групен дом
Основното јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа на Министерството за внатрешни работи синоќа извршиле увид во семејната единица во селото Корешница во Демир Капија.
Јавниот обвинител издал наредба за обдукција во насока на откривање на причините за настанатата смрт.
Малиот Илче веќе неколку дена јаде од лажичка, а не преку сонда на Детска Клиника
Веста за смртта на Илче ја потврдија од Министерството за труд и социјална политика.
„Со жалење информираме дека единаесет годишниот И.В. синоќа ненадејно почина во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија, во село. Корешница, Општина Демир Капија. Детето беше примено во Групниот дом на 7 август оваа година. Неговата здравствена состојба изминатиов период беше стабилна и постојано беше под надзор на стручни лица. Смртта синоќа настапила ненадејно и по налог на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, информираат од МТСП.
УЖАС: 11-годишното дете со церебрална парализа, не било искапено една година!
The post ТАЖНА ВЕСТ: Почина малиот Илче appeared first on Слободен печат.
ТАЖНА ВЕСТ: Почина малиот Илче was first posted on октомври 6, 2020 at 10:49 am.