25.7 C
Скопје
20:23 - 15 јули, 2026

Тајмс: Бројот на починати од Ковид-19 во домови за стари лица може да е поголем од заболените во болниците

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во домовите за нега на стари и изнемоштени лица во Велика Британија може наскоро да бидат повеќе од оние во болниците. Тоа е поради фактот што тие луѓе се третираат како граѓани од втор ред, објави Тајмс.

Новите податоци укажуваат дека неделата до 17 април биле регистрирани трипати повеќе смртни случаи (7.316) во такви установи во споредба со крајот на минатиот месец.

Експерти предупредуваат дека е можно пикот на смртните случаи во домовите за стари лица се уште да не е достигнат, наведува Тајмс.

Дејвид Шпигехалтер, статистичар од универзитетот Кембриџ, изјави дека дури и кога случаите се намалувале на национално ниво, заразата е се уште огромен проблем во домовите за нега на стари лица.

„Она што го гледаме е масовно зголемување на смртните случаи”, рече тој.

The post Тајмс: Бројот на починати од Ковид-19 во домови за стари лица може да е поголем од заболените во болниците appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....