7.8 C
Скопје
07:30 - 28 април, 2024

СЗО: Лукот не помага против коронавирусот

Под мотото „Мит бастерс“ на веб-страницата на СЗО, меѓу другото, се укажува на тоа дека лукот не штити од инфекција со коронавирус. Исто така, се укажува и на тоа дека засега не постојат индикации дека домашните миленичиња, мачките и кучињата, се заразиле досега.

– Ние се бориме не само против епидемијата, туку и против инфодемијата. Лажните вести се шират побрзо и полесно од вирусите и се исто толку опасни – рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

За да се заштитат луѓето од новиот вирус, треба често да ги мијат рацете и  потоа добро да ги избришат хартиени крпи. Исто така, СЗО не советува УВ-зрачење против коронавирусот, бидејќи може да предизвика проблеми на кожата. Исто така, и прскањето на кожата со алкохол и хлор не помага ако вирусите веќе се во организмот.

Ни маслото од сусам не го убива коронавирусот, истакнува СЗО по повод таквите гласини.

Се наведува дека постојат голем број хемиски средства за дезинфекција, кои го убиваат вирусот 2019-nCoV, меѓу кои се дезинфекциските средства врз основа на хлор, избелувач, етанол, хлороформ, но не смеат да се ставаат на кожата. СЗО исто така посочува и дека не се заканува опасност од инфекција со отворање писма или пакети од Кина.

„Од претходните анализи, знаеме дека коронавирусот на предмети какви што се писма и пакети не може да преживее долго“, наведува здравствената организација. Покрај тоа, се укажува дека антибиотиците и вакцините против воспаление на белите дробови, како што се вакцините против пневмококи или хемофилус грип тип Б, не пружаат заштита од новиот вирус. Дури ни редовното плакнење на носот не штити од инфекција со коронавирусот, додава СЗО, посочувајќи на уште една од низата дезинформации.

The post СЗО: Лукот не помага против коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....