14.8 C
Скопје
21:16 - 1 октомври, 2026

Анџелина Џоли и Бред Пит повторно заедно: Но, под еден услов и за неверојатна сума!

На Анџелина Џоли и Бред Пит им е понудена вртоглава сума доколку ги остават разликите на страна и снимат нов филм заедно.

Дени Роснер, чии претходни кинематографски достигнувања ги вклучуваат „2001: A Space Travesty“ со Лесли Нилсен и акциониот филм „The Ultimate Weapon“ со Хулк Хоган, тврди дека е сериозен во врска со неговата понуда и дека собрал околу 60 милиони долари од неговите поддржувачи, кои тој се надева дека ќе бидат доволно за да натера поранешната двојка да ги закопа секирите, пишува „Пејџ сикс“.

Сепак, ќе биде тешко да се убеди на ова поранешниот пар кој осум години се бореше околу старателството над децата, парите и иднината на нивниот вински бизнис.

Доказот за нивниот раздор беше видлив во септември годинава, кога организаторите на филмскиот фестивал во Венеција мораа да се погрижат нивните филмови да бидат прикажани во различни денови.

„Нема шанси да се сретнат на Лидо“, изјави уметничкиот директор на филмскиот фестивал во Венеција, Алберто Барбера за „Венити фер“.

Роснер го откри заплетот на филмот во кој сака да глумат Анџелина и Бред. Станува збор за љубовна приказна сместена во хотелот Мартинез во Кан. Бред ќе го игра Емануел Мартинез, сопственик на хотелот, а Анџелина неговата љубовница и муза Ема Дигард.

„Има љубовна сцена, која исто така е бурна. Мартинез имаше жена, но и љубовница“, изјави тој.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо
Се вчитува....