0.8 C
Скопје
22:44 - 18 декември, 2024

Светските стручњаци стравуваат: Болеста кавасаки, чија причина е непозната, ги погодува децата помали од пет години

Италијанските и британските експерти ја истражуваат можната поврзаност помеѓу пандемијата на коронавирусот и тешките воспалителни болести кај децата, кои доаѓаат во болниците со висока температура и отечени артерии

Болеста кавасаки, чија причина е непозната, ги погодува децата помали од пет години и предизвикува висока температура, осип, отечени лимфни јазли и, во тешки случаи, воспаление на срцевите артерии, што кај децата заболени од коронавирусот ги откриле лекарите во Италија, Велика Британија, Шпанија и во Португалија.

Сѐ повеќе мали деца се разболеле со симптоми слични на коронавирус во Велика Британија, но ковид-19 сè уште ретко ги погодува децата.

Лекарите во северна Италија, едно од најголемите жаришта во светот на ковид-19, пријавија невообичаено голем број деца помали од девет години со тешки облици на ретката болест кавасаки, многу почеста во Азија.

Слично забележале и лекарите во Велика Британија, па министерот за здравство Мет Хенкок изјави на прес-конференција во понеделникот дека е „многу загрижен“ и дека експертите внимателно го анализираат тоа прашање.

Во болница во Бергамо минатиот месец пристигнале повеќе од 20 деца со тешки васкуларни воспаленија, шестпати повеќе отколку во една година, изјави детскиот кардиолог Матео Кјуфреда.

Тој додал дека само неколкумина од нив биле позитивни на коронавирусот и дека неговите колеги од Мадрид и од Лисабон пријавиле слични случаи. Тој ги повика лекарите да го документираат секој ваков случај за да утврдат дали има врска помеѓу болеста кавасаки и ковид-19 и најави дека ќе ги објави своите наоди во научно списание.

Од здружението за педијатри исто така велат дека родителите треба да бидат свесни дека „сериозно заболување со ковид-19 сè уште е многу ретко кај децата“.

Националната здравствена служба ги предупреди лекарите дека имало „мало зголемување“ на бројот на деца со синдром на токсичен шок или атипични симптоми на заболувањето кавасаки, придружено со болки во стомакот, гастроинтестинални симптоми и воспаление на срцето.

 

The post Светските стручњаци стравуваат: Болеста кавасаки, чија причина е непозната, ги погодува децата помали од пет години appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....