Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со најголемата криза од Втората светска војна и тоа со пандемија која е закана за луѓето во секоја земја и која ќе доведе до рецесија каква што досега немало.
Гутереш, во соопштението наведе дека постои ризик, комбинацијата од болеста и нејзиното влијание врз економијата, да допринесе до „нестабилност, поголеми немири и засилени судири“.
Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Ѓорѓиева, на телеконференцијата на членките на Г20, рече дека светската рецесија по пандемијата на коронавирусот би можела д абиде полоша од онаа по финансиската криза во 2008 година.
Таа ги предупреди министрите за финансии и гувернерите на централните банки на тоа дека проекциите за светскиот раст за 2020 година се негативни и рече дека треба да се очекува „рецесија која ќе биде најмалку онолку тешка колку што била за време на светската финансиска криза, или полоша“.
– Но очекуваме опоравување во 2021 – нагласи оптимистички Ѓорѓиева.
ПМИ индексот кој ги опфаќа и услугите и производството во еден месец, падна од 51,6 на 29,7. Во Италија услугите паднаа на 17,4, во Франција на 27,4 (најниско во историјата), Шпанија со 23 е исто така на најниско ниво, а Германија на 31,7 се джи нешто подобро, но податокот е драматичен.
Според Блумберг, овие податоци значат дека европската економија на годишно ниво се намалува по стапка поголема од 10 отсто. Во Британија, деловната активност падна на најниско ниво во последните 20 години.
The post Светот каков што го познаваме ќе исчезне поради пандемијата: Експертите предупредуваат дека не чека историска рецесија appeared first on Слободен печат.