Актуелниот министер за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели сведоштво на наша сограѓанка која заедно со нејзината мајка минала низ тежок период додека закрепнувала од ковид-19.
-Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше за живот или смрт. Презадоволна сум од лекарите, медицинските сестри, болничарките и хигиеничарките во ГОБ „8 Септември“. Достапни беа во секое време. Благодарност до сестра Наташа од Скопје и сестра Снежана од Битола. Таква несебична помош дадоа, немам зборови за грижата кон мене и мајка ми која има 81 година и е дијабетичар веќе 30 години. Тоа што ме мотивираше да издржам овие денови е желбата за живот, моето семејство и ќерката Мила која е во изолација 15 денови сама дома. Апелирам да носиме заштитни маски, да држиме растојание и хигиена за да се заштитиме од коронавирусот- вели Весна.
Таа денеска, напиша Филипче, заедно со мајка и Убавка, заминaa дома по 20 дена хоспитализација и лекување од ковид-19 во Градската општа болница „8 Септември“.
The post Сведоштво на наша сограѓанка: На 40 степени трчаа медицинските сестри во скафандери кога мајка ми се бореше за живот или смрт appeared first on Слободен печат.
Сведоштво на наша сограѓанка: На 40 степени трчаа медицинските сестри во скафандери кога мајка ми се бореше за живот или смрт was first posted on август 5, 2020 at 7:46 pm.