-3.2 C
Скопје
04:50 - 23 декември, 2024

Сведоштва од Вухан: Го чекам денот кога конечно ќе можам да излезам од мојот стан

Мајинг пристигнала да ги посети родителите во Вухан, град во провинцијата Хубеи, во време околу Лунарната нова година, во моментот кога епидемијата започнала да се шири, пишува „Дејли меил“.

Кога градот бил затворен за време на епидемијата, таа останала заробена во него, па и самата се заразила со новиот коронавирус Ковид-19. Таа е изолирана во болница откако скенирањата покажале знаци на заразата во нејзините бели дробови.

Таткото на Мајинг оттогаш починал од болеста, која може да предизвика тешко запаление на белите дробови и може да биде фатална за постарите лица. Нејзината мајка Липинг, која имала рак во терминална фаза, не можела да добие правилен третман бидејќи болниците во Вухан биле преполни со луѓе заразени со коронавирусот.

Мајинг и понатаму е во Вухан, а властите и понатаму ги спречуваат луѓето да го напуштат градот. Таа вели дека е опоравена и дека сега само ја чека можноста да се врати дома во Велика Британија.

– Го чекам денот кога ќе можам да го напуштам мојот стан и да уживам во пролетното сонце и правилно да се поздравам со моите родители – изјавила таа.

Мајинг работи како приватен учител во Колиндејл на северот на Лондон, во кој живее пет години. Заминала во посета на своите родители за време на новогодишните празници на 10 јануари, кога ѝ рекле дека на нејзината мајка не ѝ преостанува многу време.

– Тогаш вирусот не беше голем проблем и владата потполно не разбираше што е тој, ниту во градот имаше драматични предупредувања – рекла таа.

Но, Вухан е затворен, како и многу други градови по него, неколку дена пред почетокот на прославите кога започнале да се појавуваат првите случаи на заразата. Мајинг оттогаш е заробена во Вухан и во меѓувреме се разболела и опоравила од вирусот.

Мајинг купила маска, но сеедно се разболела, а нејзиниот татко имал симптоми еден ден по неа. Отишле во болница, каде е потврдено дека го имаат вирусот. Двајцата се примени во болница подоцна таа недела. Таа на почетокот на овој месец од болницата порачала дека е многу исплашена за својот живот, но не сака тоа да ја скрши.

– Се чувствувам како мојот живот да виси на конец – рекла тогаш.

Нејзиниот 67-годишен татко се здобил со потежок облик на оваа болест и починал на 15 февруари, додека нејзината 63-годишна мајка, на која ѝ е дијагностициран рак – примала третман во болницата во Вухан. Пресонал со заштитни маски ја преместил на друг кат во болницата. Починала на 20 февруари, само пет дена по својот сопруг.

The post Сведоштва од Вухан: Го чекам денот кога конечно ќе можам да излезам од мојот стан appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....