11.8 C
Скопје
07:31 - 29 април, 2024

Струјата ги запали социјалните мрежи

Ударот врз животниот стандард со зголемувањето на цената на струјата за 7,43 проценти предизвика бес и револт кај граѓаните на социјалните мрежи. Јавно, свои економски анализи споделуваат и економските аналитичари и во нив може да се види каков е соодносот на цената на струјата во однос на платите кај нас и во светот, како цената ја формира Регулаторната комисија за енергетика, дали оправдано се прифаќаат трошоците на сите три енергетски компании – две државни и една приватна, кои вршат производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија…

Коментарите се насочени кон тоа дека за наш стандард имаме скапа струја, дека не смееше да се дозволи зголемување на цената за време на ковид-криза, дека енергетските компании кои постојано остваруваат големи профити, не сакаат тие профити да си ги намалат и дека тоа им го дозволува државата. Се коментира и тоа дека поскапувањето е поголемо од 7,42 проценти, затоа што на новат цена се пресметува и данок од 18 проценти.

Милионски профити

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ ги сподели ланските добивки на трите енергетски компании кои побараа и добија зголемување на цената на струјата.

„ЕВН лани остварила нето-добивка 36 милиони евра, МЕПСО 7 милиони, ЕСМ (ЕЛЕМ по старо) 3 милиони. Во исто време, 100.000 луѓе во државава живееле со помалку од 40 денари на ден. Зборувајте ми дека е оправдано поскапувањето на струјата, тивко, полека“, напиша Јовановиќ.

Тој сподели и графикон според кој струјата во Македонија, како процент од просечната плата, е меѓу најскапите во Европа. Податоците за членките на ЕУ се змени од Евростат и го прикажуваат подтокот за тоа колкаво е процентуланото учество на цената на 1 мегават-час во просечната месечна плата. Според графиконот, во Македонија тоа е 19,1 проценти, а поголемо учестество од нас, во друштвото од 31 земја, имаат само Романија, Летонија и Бугарија.
МН: Берзанските цени се намалиле

Павле Гацов, даночен експет и советник на министерката за финансии, направи поголем осврт на зголемувањето на цените. Тој потсети дека пазарот на струја е регулиран пазар, но и дека регулаторот е тело кое што треба да внимава на интересите на сите учесници во системот – како на енергетските комании, така и на корисниците на струјата, а исто треба да го обезбеди функционирањето на системот и неговиот развој.

„Кои се директните ефекти од последното покачување на цената на струјата? Поголеми приходи и поголеми профити за електричните компаниите од една страна, и поголеми трошоци и загуби, односно полош животен стандард за корисниците, од друга. Плусот на едната страна е целосен минус на другата. Ова се само економски индикатори, оние за квалитетот на снабдувањето со струја во друга прилика. Само накратко: во малите населени места напонот е променлив, исти број на трафостаници опслужуваат речиси удвоен број на корисници, по различна цена се наплатуваат исти услуги, постојат бројни случаи на приватни активности на вработени во овие компании, …“, вели Гацов.

Тој потенцира дека дека просечната берзанска цена на струјата ва 2020 година е пониска од онаа во 2019 година. Имено, просечната цена на струјата на Унгарската берза на струја за 2020 година изнесува околу 35 евра за мегават, а просекот за 2019 година е околу 50-тина евра по мегават час..

„Значи цената на увозната струја не може да биде причина за покачување. Од друга страна, намалената потрошувачка на струја како причина за намалувањето на планираните профити за 2020 година е оправдување само за оној менаџмент кој сака да работи во комформна зона, односно со зголемената цена да ги поврати изгубените приходи (профити), наместо тоа да се прави во делот на намалување на расходите, подобрување на организацијата на работењето, продуктивноста, инвентивноста, искористеноста на капацитетите, менаџментот со човечкиот капитал и сл“, напиша Гацов.

На социјаните мрежи имаше и реакции дека сè, додека лутината на граѓаните се пренесува во ствови на Фејсбук, место на улица, ќе има и вакви одлуки кои ќе удираат по џебот на граѓаните, а ќе ги штитат моќните компании.

The post Струјата ги запали социјалните мрежи appeared first on Слободен печат.


Струјата ги запали социјалните мрежи was first posted on август 3, 2020 at 1:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....