3.8 C
Скопје
22:14 - 20 декември, 2024

Старата скопска чаршија ќе се збогати со нови сувенири

чаршија

На 10 април завршува конкурсот на Град Скопје за идејни решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија, на кој треба да се изберат најдобрите десет решенија. Конкурсот беше објавен во февруари и е дел од иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“, која се спроведува во рамките на проектот „Рок“ што е дел од програмата Хоризон 2020 и се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.

– Конкурсот има за цел да ја зголеми свесноста за значењето на оваа културно-историска целина во градот Скопје и да ги промовира нејзините вредности. Во тој контекст, понудените решенија треба да ги истакнат вредностите на културното наследство, старите занаети и да претставуваат одраз на традицијата и културните, историските, материјалните и духовните вредности на Старата скопска чаршија како заштитена културна целина од особено значење со богато културно-историско наследство – се наведува во конкурсот.

Од Град Скопје објаснуваат дека ќе се избираат идејно-обликовни решенија, а не автори, што значи дека бројот на поднесените предлози од еден граѓанин или правно лице не е ограничен, меѓутоа во изборот на решенијата, разновидноста на откупените трудови е важен елемент при одлучувањето. Секое предложено решение поединечно мора да биде доставено и опремено во согласност со конкурсните услови за опремување на секој конкурсен труд.

Конкурсот предизвика интерес кај ликовните уметници, дизајнери, архитекти и воедно кај сите креативци, кои побараа објаснување дали решението треба да биде само економично исплатлива симболична сума за туристите, на пример да чини од 100 до 150 денари, или може и друг тип сувенир, на пример маичка или друг текстилен производ.

– Во изборот на откупените решенијата, Комисијата ќе се раководи првенствено од критериумите за одлучување што се јасно наведени во Конкурсот, меѓу кои квалитетот на предложениот дизајн и трајноста на предложените материјали за изработка, како и иновативноста, креативноста и високо ниво на впечатливост на обликовниот израз се многу битни. Одржливоста, економската и производствена поддржаност на решението се исто така важни, меѓутоа првенствено се однесува на можноста за умножување и производство, за која цел со конкурсното решение треба да биде доставен краток опис на предвидените работи и апроксимативна пресметка на чинење на изведбата на предложените идејни решенија, што не значи дека станува збор за симболична продажна цена на производот. Во оваа насока, предност ќе имаат решенијата што за изработка ќе користат стабилни и еколошки прифатливи материјали (на пример, керамика, камен, теракота, дрво, текстил, стакло, метал, волна итн.), меѓутоа изборот не се ограничува само на таквите решенија – објаснуваат од Град Скопје и додаваат дека, сепак, трајноста на материјалот од кој се предложени решенијата за сувенирите е битен елемент при одлучувањето.

Оттаму прецизираат дека авторите што ќе учествуваат на конкурсот, според наведените услови, треба да испратат еден примерок од сувенирот во оригинална големина и материјал, односно изработен прототип/мостра.

The post Старата скопска чаршија ќе се збогати со нови сувенири appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....