Релито „Африка Еко рејс“ ќе се вози на почетокот од 2020 година, а вкупната должина на трката ќе изнесува 6.000 километри.
Марселина (30 години) планира да ја помине целата делница како дел од тимот заедно со уште тројва возачи.
Релито е предвидено да се вози од 5 до 19 јануари, а стартот е во Монте Карло. Потоа се вози до италијанскиот Савоне по што натпреварувачите се селат во Дакар и потоа преку Мавританија да стигнат до целта во Дакар.
„Сакам сите да знаат дека моето учество на релито е од хуманитарен карактер, нема да добиеме никави финансиски средства бидејќи сакаме да им помогнеме на другите“, напиша Марселина на својот Инстаграм профил.