16.8 C
Скопје
10:46 - 17 мај, 2024

Сопругот на починатата родилка правдата ќе ја бара на суд (ВИДЕО)

Случајот со смртта на 40-годишната родилка Кадрие Јашар и нејзиното бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство, деновиве ја тресе македонската јавност.

Сопругот на починатата жена, Седат Јашар, денеска во изјава за Слободен печат обвини дека станува збор за лекарска грешка, а правдата, како што нагласи, ќе ја бара на суд. Според неговите зборови, обилното крварење кое било причина за настапување на смртта, можело да се спречи доколку докторот кој ја прегледал жената, ја примил во дневна болница, наместо да ја врати дома.

Тој денеска имаше средба со раководството на ГАК и со дежурните лекари кои ја примиле неговата сопруга.

Од друга страна, директорката на Акушерската клиника за гинекологија, Викторија Јовановска, вели дека докторите дале надчовечки напор за да ги спасат родилката и бебето.

– Ова е прв случај да изгубиме родилка на ГАК, откако сум јас директорка. Дежурните доктори направиле се што можеле за да ја спасат родилката, меѓутоа настанатата абрупција (одлепување на постелката) предизвикала смрт кај бебето, а потоа, како резултат на обилно крварење, животот го загуби и родилката. Ние имавме двајца анестезиолози на смена, уште двајца ги викнавме да дојдат од дома, вели Јовановска за Слободен печат и додава дека сочувствуваат со болката на семејството, но ја отфрла веројатноста да се работи за лекарска грешка.

Според лекарите, починатата родилка била на 40-годишна возраст. Тоа и била 11. бременост, односно претходно имала четири живородени деца и шест прекинати бремености. Дежурната екипа на Клиниката потврдила дека дошло до интраутерина смрт на плодот поради настанатата абрупција (одлепување на постелката).

„По извршената интервенција, таа била префрлена во шок-соба каде што и покрај интензивната реанимација по протокол, продолжило влошувањето на нејзината состојба, по што целиот тим гинеколози и анестезиолози одлучиле дека треба да се направи ревизија. Истата е направена меѓутоа и покрај целосниот напор на медицинскиот тим да биде спасен животот на пациентката, таа починала“, се вели во соопштението од ГАК.

The post Сопругот на починатата родилка правдата ќе ја бара на суд (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Сопругот на починатата родилка правдата ќе ја бара на суд (ВИДЕО) was first posted on септември 23, 2020 at 3:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....