11.8 C
Скопје
01:13 - 3 мај, 2024

Англиската верзија на сајтот на Влада не знае дека имаше избори

Англиската верзија на владиниот сајт очигледно не е ажурирана подолго време, бидејќи кога ќе ја отворите ќе го видите стариот состав на владата.

На самата страница може да се забележи дека последен датум кога е направена промена е 31.05.2019 година.

„Актуелниот состав на владата е избран на 31 мај 2017 година, по парламентарните избори во декември 2016 година“, вели англиската верзија на владиниот сајт.

Принсткрин од веб-страната на Влада

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доби мандат за состав на Влада од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов. Со 62 гласа „за“, 44 „против“ и 5 воздржани, Собранието гласаше за Владата на премиерот Зоран Заев. Претседател на Владата на Република Северна Македонија е Зоран Заев. Претседателот има 5 заменици“, стои се уште на сајтот.

Англиската верзија може да ги збуни странските дипломати, бидејќи старо-новиот премиер Заев сега има 4 заменици, додека Радмила Шекеринска не е повеќе вицепремиер. Со новите измени Артан Груби е прв заменик на премиерот и носител на оваа функција.

На сајтот со англиска поддршка се споменуваат имиња кои јавноста ги заборави веќе, како што е името на вицепремиерот и министер за економски прашања – Кочо Анѓушев.

 

The post Англиската верзија на сајтот на Влада не знае дека имаше избори appeared first on Слободен печат.


Англиската верзија на сајтот на Влада не знае дека имаше избори was first posted on септември 23, 2020 at 2:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....