-1.2 C
Скопје
23:44 - 19 декември, 2024

Со брз тест, родилките на ГАК ќе знаат дали имаат Ковид за 40 минути!

Викендов, а најдоцна в понеделник, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје родилките ќе се тестираат со брз ПЦР тест, чија цел е да детектира присуство на коронавирусот за 40 минути. На ваков начин, ќе се знае веднаш дали родилката треба да биде пренесена на одделение за изолација. Директорката на ГАК, доктор Викторија Јовановска, за Слободен печат вели дека добиле 300 брзи тестови од Министерството за здравство, а дека опремата на која што тие ќе се обработуваат веќе ја поседуваат и дека е во фаза на последна монтажа.

– Ги добивме брзите тестови, вкупно 300. Најверојатно ќе почнеме да ги користиме од понеделник, а можеби и од викендов. Станува збор за тестови кои што го детектираат присуството на вирусот за 40 минути. На нашата Клиника веќе имаме апарат за обработка на овие тестови, истиот што го користиме за детекција на ХПВ. Значи, го местиме ламинарот, а тестовите и апаратот ги имаме така што со овие рапид тестови ќе се овозможи пациентките веднаш да знаеме каде да ги сместиме по доаѓањето во болницата. Ќе се спречи тие беспотребно да се носат во изолација, доколку за тоа не постои потреба и само позитивните ќе се носат во изолација. Ќе се растовари многу тоа одделение и нема да се блокира, вели доктор Јовановска.

Таа вели дека повеќе родилки на ГАК се суспектни за коронавирусот во моментов и се сместени на одделението за изолација, а во текот на вчерашниот ден било извршено и пораѓање на позитивна пациентка.

Истите брзи тестови, веќе се употребуваат и на Инфективната клиника во Скопје. Директорката доктор Милена Стевановиќ тврди дека веќе една недела со помош на овие тестови им се олеснува работата на клиниката.

-Тоа се тестови наменети за брза детекција, а не за рутинско тестирање. Наменети се за пациенти за кои се потребни различни интервенции, а кои се суспектни на Ковид, објаснува доктор Стевановиќ.

Тестовите за брза дијагностика се распределени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Инфективната клиника и на ГАК. Ова значи, дека после тријажата и ваквиот брз тест, веднаш ќе се пристапи кон соодветната интервенција за пациентите.

Овие тестови иако се на ПЦР метода, не се истите што се користат во лабораториите ширум државата за рутинско тестирање од ковид. Заклучно со 28 јуни, тестирани се вкупно 59.633 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на Сарс Ков 2. Од нив позитивни биле 6.208 теста. Од случаите кои биле истражени, пријавен е 61 случај кај бремени жени, од кои 15 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дваесет и девет од регистрираните се асимптоматски случаи.

The post Со брз тест, родилките на ГАК ќе знаат дали имаат Ковид за 40 минути! appeared first on Слободен печат.


Со брз тест, родилките на ГАК ќе знаат дали имаат Ковид за 40 минути! was first posted on јули 2, 2020 at 1:02 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....