Една снимка која ја емитуваше американската ТВ станица Си Би Ес предизвика вистиска бура во САД и на социјалните мрежи.
Имено, Си Би Ес во утринската програма, известувајќи за ситуацијата во Њујорк кој стана едно од најголемите жаришта на коронавирусот, пуштиле снимка од болница во Бергамо.
Многумина веднаш препознаа дека станува збор за болница од Италија, посебно што снимките со денови се вртеа на сите светски медиуми.
Си Би Ес призна дека дошло до грешка во текот на емитувањето.
И додека дел од јавноста смета дека навистина во прашање е ненамерна грешка, некои мислат дека ова е еден од начините како Американците дополнително да се исплашат за да ја сфатат сериозноста на ситуацијата.
The post Снимка од болница која ги крена Американците на нозе: Дали медиумите намерно ги манипулираат? appeared first on Слободен печат.