2.8 C
Скопје
17:07 - 22 декември, 2024

Смрт во купатило!

Деновиве ми текна на еден текст што, пред пар години, го читав во Вол Стрит Џорнал. Памтам, уште тогаш ми се виде фрапантен, барем кога е статистиката во прашање. Па, не ме мрзеше, земав и го пребарав Чичко Гугл и – се разбира, Гугл ништо не ви заборава! – го најдов оригиналниот текст за којшто пишувам (https://blogs.wsj.com/japanrealtime/2016/01/22/deaths-from-drowning-in-bathtubs-up-70-in-10-years-report/)…

Имено, извесна надлежна агенција во Јапонија (држава која дене има околу 130 милиони жители) излегла со податок дека во 2014 година дури 4.866 луѓе загинале од давење во обичните, домашни кади (!) – значи, КАДА, во купатило! – во најразлични видови на инциденти: лизгања; заспивања додека лежеле во топлата вода, пијани или предозирани, па удавени; ги удрила струја додека го полнеле телефонот со слушалките на уши; добиле инфаркт додека се опуштале во миризливите меурчиња итн. Дополнително, околу 90 отсто од загинатите 4.866 луѓе биле постари од 65 години. Плус, таа цифра е речиси двојно поголема од умрените во купатилата во 2004 година – да, во факинг ЈАПОНИЈА и за тоа имаат споредбени статистики! (Добро, сега, нема да влегуваме во понатамошни демографски статистички споредби, за тоа колку се зголемило населението за десет години; колку подолго луѓето живееле во 2014, во споредба со 2004 година; или дали опаднал квалитетот на апостолките што се лизгаат на подни плочки тогаш и денес и сл.)

Замислете, во 2015 година, во Јапонија загинале 4.177 луѓе во сообраќајни несреќи, речиси 20 отсто помалку од оние настрадани во купатилата!

Е, ај сеа?!

Познавањето на јапонскиот јазик не ми е баш усовршено, па ги немам најновите податоци за оваа клучна јапонска када-статистика, но за претпоставка е дека од 2014 до 2020 година веројатно бројот на загинати по јапонските купатила ја надминал цифрата од неверојатни 5.000 случаи годишно. Значи, кога ќе му удрите проста математика, таму месечно умираат околу 450 луѓе од давење во када!

Сега, да се вратиме на корона вирусот: во Јапонија, во последните два месеци, има околу 900 заболени од вирусот корона и само 29 починати. А и таму, по повод вирусот, настана возбуда од национални размери!

Што сакам да кажам?

На ниту еден начин не сакам да ја релативизирам сериозноста на оваа пандемија и масовната психоза во која влезе светот заради ширењето на корона вирусот. Тоа е така бидејќи луѓето, генерално, многу повеќе се плашат од „невидлива“ закана, од опасност што демне „од никаде“, по себе и по најблиските. Пред таквите закани луѓето се чувствуваат сосема беспомошни, како да се борат со двете раце „врзани зад грбот“ и очекуваат дека ДРЖАВАТА е таа што треба системски да ги заштити, ако треба и со војска на улица.

Заради таа масовна психоза и притисокот врз здравствените системи, сите држави  прогласуваат вонредни и кризни состојби со вирусов. Впрочем, мислите дека е можно – вклучително и во Јапонија! – да се откажат Евровизија, Олимписките игри или изведбата на повеќемесечните репертоари од Бродвеј до МНТ, а и да дојде до недостаток на тоалет-хартија од глобални размери, заради опасната „епидемија“ на гинење по купатила?!

Сепак, добро е работите да се стават во контекст. Не ширете паника затоа што триесетина дена ќе морате да се дружите со децата или со родителите, можеби и повеќе од тоа што сте го правеле со нив, збирно, во последните десет години. Тоа ви е како кога ја сфаќате важноста на струјата само кога ќе снема светло.

Уживајте на чист воздух, ако ништо друго.

И, аман, следниот пат кога панично ќе пазарите 20 килограми брашно, набавете и влечки што не се лизгаат на плочки оти, како што гледате, вирусов сигурно ќе го преживеете, ама по купатила се гине масовно!

The post Смрт во купатило! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....