-4.2 C
Скопје
00:34 - 23 декември, 2024

Сместувањето во студентските домови се одвива како „под конец“ (ВИДЕО)

По шестмесечна пауза студентските домови во земјава од вчера повторно ги отворија вратите за студентите, а иако на поголемиот дел од факултетите наставата ќе се одвива онлајн, сепак домовите со намален капацитет и почитување на превентивните мерки започнаа со работа.

Во сите државни студентски домови во земјава со заштитни маски и држење на дистанца, студентите ги пополнуваат формуларите и се вселуваат во соби, додека задолжени лица го одржуваат редот и ги спроведуваат во нивните соби.

Во неделата од Државниот студентски центар ги објавија распоредите за вселување, каде студентите имаат увид дали им е одобрен престојот во студентски дом и во кој ден од неделата ќе треба да се вселат во истиот за кој аплицирале.

Почнувајќи од вчера па до 10 октомври, во период од 10.00 до 14.00 часот, студентите имаат можност да се вселат во студентските домови, со претходно пополнета документација.

Во посета на студентскиот дом „Пелагонија“ во Општина Кисела Вода, можевме да видиме како изгледа приемот, односно на кој начин се спроведуваат протоколите кои ги одреде Комисијата за заразни болести. 

-Од 05.10.2020 година започнавме со сместување на студентите во студентскиот дом „Пелагонија“, како и во сите останати домови. За жал оваа година поради ковидот сме принудени да го преполовиме капацитетот. Се водиме според протоколите кои се издадени од страна на Комисијата за заразни болести, а и децата се одговорни – вели Адријана Даци, раководител за сместување во студентскиот дом „Пелагонија“, која посочи дека се избегнуваат гужви и дека во координација со сите вработени успешно се одвива процесот на сместување. 

Адријана Даци, раководител за сместување во студентски дом „Пелагонија“

– Не се создаваат преголеми гужви за влез, одиме во континуитет со рецепционерите и другите вработени кои ни излегуваат во пресрет и засега немаме никаков проблем. Сите простории се дезинфецирани, а во соби студентите сега се сместуваат по двајца, наместо по четворица како што беше од претходно. На секои два часа се дезинфицираат ходниците, а студентите во соби сами треба да одржуваат хигиена и да бидат претплазливи да нема групирање од соба во соба – истакна Даци. 

Раководителката укажа и на тоа дека двете читални нема да бидат во функција, додека мензата согласно протоколите од следната недела започнува со работа.

-Имаме и две читални кои за жал оваа година нема да се користат, така што секој студент ќе мора да учи во соба. Од наредната недела и мензата ќе започне со работа и таму отсега ќе седат по двајца на маса, а помеѓу нив ќе има дистанца од два метри и ќе се потрудиме да се прилагодиме на условите и препораките од Комисијата за заразни болести – заклучи Даци. 

Како што можевме да слушнеме и самите студенти се задоволни и возбудени пред новиот предизвик.

Студенти чекаат ред за сместување во студентски дом „Пелагонија“

– Условите во домот се според поротоколите, сите мерки се почитуваат, задоволни сме и едвај чекаме да започне годината – вели студент кој од вчера е нов станар на студентскиот дом „Пелагонија“ 

Во меѓувреме, од претходно беше сооппштено дека студентите до 10 октомври ќе може да аплицираат и за еднократна финансиска поддршка од 6.000 денари за уплата при запишување семестар, сместување во студентски дом или приватно сместување.

Погледнете го видеото:

The post Сместувањето во студентските домови се одвива како „под конец“ (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Сместувањето во студентските домови се одвива како „под конец“ (ВИДЕО) was first posted on октомври 6, 2020 at 1:56 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....