12.8 C
Скопје
14:50 - 26 ноември, 2024

„Слободен печат“ дознава: Десет Македонци и Грци ќе бидат обвинети во аферата „Актор“

Шестмина македонски и четворица грчки државјани, како и четири правни субјекти ќе се соочат со обвинение во аферата „Актор“, која после долги години за скоро време ќе добие и судска разрешница, дознава „Слободен печат“.

Како што дознаваме, голем дел од предистрагата и истрагата во овој предмет го сработило сега веќе поранешното Специјално обвинителство.

По предавањето на предметите од СЈО во ОЈО, истрагата е продолжена и со меѓународна помош, но и во соработка со грчките истражни органи, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од добиените материјали констатирало низа незаконитости.

Аферата „Актор“ се однесува за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Како што е познато, пред неколку години, Европската агенција за борба против корупција (ОЛАФ) ја казни грчката градежна компанија „Актор“ со 50 милиони евра поради измама и перење пари при изградбата на овој автопат од Коридорот 10.

Во 2014 година СДСМ објави документипоред кои во 2013 и 2014 година од банкарски сметки на „Актор“ во македонски банки незаконски била извлечена готовина во висина од над 3,5 милиони евра. Според тоа што тогаш го тврдеше СДСМ, секој месец групи на грчки државјани во земјава биле донесувани со автобуси и се симнувале во Неготино.

Тие од локалната филијала на „Стопанска банка“ ваделе пари, кои претходно градежната компанија им ги префрлала на име хонорари. Обвинувањата беа дека станува збор за лица кои на никаков начин не биле ангажирани на автопатот Демир Капија – Смоквица и дека парите воопшто не ги изнесувале од Македонија туку ги предавале веднаш откако ќе ги изваделе од банката.

Од СДСМ своевремено го повика сега веќе поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски да се произнесе за случајот. Иако аферата предизвика голем интерес во јавноста, сепак ОЈО тогаш не откри во чии џебови завршувале овие пари. Како дел од истрагата, по барање на Управата за финансиско разузнавање, беа блокирани сметките на две фирми, но за кусо време истите беа одблокирани. Од обвинителството тогаш соопштија дека е покрената предистражна постапка за случајот „Актор“, но потоа како да се заборави на случајот и оттаму немаше повеќе никакви информации за текот на постапката.

„Актор“ со градба на делницата Демир Капија – Смоквица почна во септември 2012 година, откако го доби владиниот тендер за градба на автопатот, вреден 270 милиони евра.

The post „Слободен печат“ дознава: Десет Македонци и Грци ќе бидат обвинети во аферата „Актор“ appeared first on Слободен печат.


„Слободен печат“ дознава: Десет Македонци и Грци ќе бидат обвинети во аферата „Актор“ was first posted on октомври 5, 2020 at 12:19 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....