-2.2 C
Скопје
00:54 - 30 декември, 2024

Сличност на владеењето на Вучиќ со она на Груевски: Партијата на Македонците ќе ги бојкотира изборите во Србија

Горан Илијевски, лидерот на Партијата на Македонците во Србија, смета српската влада преку министерот за одбрана Александар Вулин, кој упати недолични зборови кон македонскиот претседател Стево Пендаровски, е само уште една од низата провокации.

-Не е прв пат Србија да провоцира пред избори. Вулин провоцираше и порано. Ја сменија улицата „Гоца Делчев“ во Белград, не нарече дека сме центар за рушење на Србија, иако нема мандат да дава изјави за странски државјани, Вулин го негираше и македонскиот јазик. Ние побаравме одговор од српската власт дали неговите ставови се ставови и на Владата, но немаме одговор, што за нас кажува дека не се работи за поединечен гаф, изјави Илијевски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој наоѓа огромна сличност на владеењето меѓу актуелниот српски претседател, Александар Вучиќ и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.

-Методите на репресии, демагогии, манипулации, клиентелизам, беа методи на режимот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски и на Орбан, тврди лидерот на партијата на Македонците во Србија.

Илијевски сме дека нема да се одржат избори во Србија, бидејќи опозицијата подготвува бојкот, а меѓу нив и неговата партија.

-Не учествуваме на овие избори, за да не дадеме легитимитет на еден режим кој не не почитува како малцинство и ни го вреѓа јазикот. Илузорно е да и дадеме легитимитет на ваква една власт, оттаму бојкот на сите нивоа. Бојкотот е голема одлука. Свесни сме за сите последици, но да се учествува на избори кои не се фер и регуларни, спроведени од власта преку сите забранети методи, би влегле во борба која однапред е осудена на пропаст. Овие избори ќе бидат проследени со многу демонстрации. Овој народ нема да дозволи нефер избори. Сигурно на 21 ќе има голем митинг во Србија. Нема да му се простат репресиите и уцените кон сопствениот народ на Вучиќ. Бојкотот како средство нема да биде единствена цел. Мора да се ослободат институциите, изјави Илијевски.

 

The post Сличност на владеењето на Вучиќ со она на Груевски: Партијата на Македонците ќе ги бојкотира изборите во Србија appeared first on Слободен печат.


Сличност на владеењето на Вучиќ со она на Груевски: Партијата на Македонците ќе ги бојкотира изборите во Србија was first posted on мај 20, 2020 at 9:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....