12.8 C
Скопје
14:43 - 26 ноември, 2024

Скопје ќе го брани НАТО од лажните вести

Лажните вести и дезинформациите се безбедносни прашања од највисок приоритет за земјите членки на НАТО, тврди потполковник Сашо Гелевски, кој воедно е и раководител на Регионалниот центар за односи со јавност (РЦОЈ). Токму во овој Центар, кој се наоѓа во касарната во населба Аеродром и функционира во рамки на Министерството за одбрана, досега над илјада цивилни и воени лица од земјава и странство се обучиле како да препознаат лажна вест и како да се борат против дезинформациите, што претставува се поголем предизвик и од безбедносен аспект. Од вкупно 33-те центри за обука и едукација на НАТО, РЦОЈ во Скопје е единствениот специјализиран за обука за односи со јавноста во рамки на воениот сојуз и се очекува да стане водечки за јужното крило на Алијансата. „Во период и кога обичниот граѓанин, со помош на најновата технологија може да биде новинар, неопходно е да постои еден ваков Центар, каде ќе се развиваат идните НАТО офицери за односи со јавноста“, дополнува Гелевски, нагласувајќи дека курсевите кои ги одржуваат, како на пример „Односи со јавност од меѓународни операции“ или „Кризна комуникација“, веќе стануваат задолжителен критериум за вработување на позициите поврзани со односи со јавноста и тоа не само во македонската Армија, туку и во армиите на останатите НАТО земји.

– Развојот на нашите капацитети во иднина ќе биде во духот на концептот на „паметната“ одбрана, односно преку продлабочена и интензивирана соработка со НАТО центарот за извонредност и стратегиски комуникации од Рига, Летонија. Ќе работиме на развивање и изградба на капацитети, кои би помогнале во детекцијата на лажни вести и во борбата против дезинформациите за потребите на јужното крило на НАТО. Развивајќи ги овие капацитети очекуваме да дадеме свој придонес, сега веќе како најнова членка на НАТО, во заедничките напори на Алијансата за креирање на јавно мислење, коешто ќе биде базирано исклучиво врз фактички податоци и точни и проверени информации, а исто така да помогнеме во намалувањето на штетните последици кои настануваат поради лажните вести и дезинформациите, изјави потполковник Гелевски.

Тој додава дека со влезот во НАТО интензивирано работат на адаптација на наставните содржини со новите документи и стандарди за стратегиски комуникации на Алијансата.

– Тоа е еден процес на сертификација на курсеви, кој се очекува да заврши некаде на почетокот или првата половина на 2021 година, со што целосно би ги покриле потребите на НАТО, односно би ги адаптирале нашите курсеви кон потребите на НАТО за обука од областа на односи со јавноста и стратегиски комуникации, вели раководителот на РЦОЈ.

Сепак, Гелевски не откри конкретно како се одвива самиот процес, но единствено кажа дека се потпираат на отвореноста и транспарентноста.

– Идните НАТО комуникатори на обуките ги детектираат лажните вести, се едуцираат за борбата против дезинформациите и истите тие потоа индиректно ги пренесуваат знаењата, па ние индиректно влијаеме на зголемувањето на процесот на транспарентноста, зголемувајќи ја свесноста за тоа како треба да се постапува со информациите, односно да се фокусираат на точни и проверени информации, заклучува потполковникот.

Претходно, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска се пофали дека институцијата што ја предводи е прворангирана во земјава според Индексот на активна транспарентност и се заложи дека ќе останат, како што вели, максимално отворени кон граѓаните и медиумите. Таа најави дека еден од нејзините приоритети за новиот мандат е токму РЦОЈ да прерасне во Центар за борба со лажните вести и дезинформациите за јужното крило на НАТО.

Неодамна, НАТО објави Извештај за тоа како се справува со лажните вести и дезинформациите, со акцент на пандемијата од Ковид-19.

– Алијансата сега се подготвува за можен втор бран на КОВИД-19 со изготвување на план за работа, залихи на медицински материјали и финансирање, истовремено зајакнувајќи ја и отпорноста на нашите општества. Тоа е затоа што меѓународните организации како што се НАТО, како и сојузниците на НАТО и партнерите, се соочија со ширење на дезинформации, пропаганда и дезинформации за време на пандемијата, се вели во Извештајот, каде се потенцира дека земјите членки се соочуваат со хибридни предизвици, вклучувајќи кампањи за дезинформација и злонамерни сајбер активности.

Оттаму додаваат дека и владини, но и невладини субјекти ја искористиле пандемијата за да шират дезинформации и пропаганда, која има за цел да ги дестабилизира и поткопа западните општества, користејќи специјални техники за дигитален маркетинг, надополнети со сајбер и психолошки операции, а нивната цел била да се создаде алтернативен поглед на светот, дизајниран да ги поткопа демократските вредности.

– Само за два дена (20-21 април), НАТО откри три координирани напади насочени против присуството на трупите на НАТО во Летонија, Литванија и Полска. Овие напади вклучуваат написи во кои се пренесува лажно писмо, наводно од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг до министерот за одбрана на Литванија, Раимундас Кароблис, во кое се наведува дека намера на НАТО е да ги повлече војниците од земјата, потоа лажно интервју со кое се тврди дека канадските трупи во Летонија го донеле вирусот во земјата и фалсификувано писмо од полски воен лидер, во кое се појавуваат критики за американските трупи, се дополнува во Извештајот.

Како класични примери за дезинформации и лажни вести посочија написи на руски електронски информативни изданија.

– Руските медиуми контролирани од државата сугерираат дека латвиска лабораторија би можела да го развие новиот коронавирус. Исто така, ги обвини „тајните лаборатории на САД/НАТО“ во Грузија, Казахстан, Молдавија и Украина за создавање на Ковид-19 како биолошко оружје. Всушност постоењето на овие лаборатории во Грузија, Казахстан, Молдавија и Украина не е тајна, а некои од нив и ги насочија своите ресурси во борбата против пандемијата. Првиот руски напис дека Ковид-19 можеби потекнува од американските воени лаборатории, се појави на 20 јануари 2020 година, повикувајќи се на руски експерт, на телевизијата Звезда ТВ, државен медиум управуван од руското Министерство за одбрана, се заклучува во Извештајот НАТО посветен на лажните вести, каде се вели дека борбата против дезинформациите ќе се одвива преку две премиси: „разбери“, па „ангажирај“ се.

 

Сашо Гелевски РЦОЈ

The post Скопје ќе го брани НАТО од лажните вести appeared first on Слободен печат.


Скопје ќе го брани НАТО од лажните вести was first posted on октомври 5, 2020 at 1:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....