И покрај многубројните апели на надлежните за останување дома за да се спречи ширење на новиот коронавирус во нашата земја, повеќе скопјани одлучија дека е добра идеја да излезат на кеј и нормално да ги вршат секојдневните активности, и покрај прогласената вонредна состојба.
Веќе неколку пати министерот за здравство Венко Филипче, како и претставниците на другите институции апелираа до граѓаните да се придржуваат до владините препораки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Македонија.
Според податоците до 10 часот, вкупната бројка на заболени со коронавирус во Македонија е 67 лица.
The post Скопјани место дома, во парк и на Кеј (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.