Турските власти се уште ги прибираат првичните информации од стравичниот земјотрес кој ја погоди Турција. На социјалните мрежи се појавуваат огромен број видеа од штетите кои беа причинети.
Но, во моментот на земјотресот, на една од телевизијата било емитувано и отворено студио. Видеото перфектно ја доловува јачината на земјотресот.
Moment when 6.8 magnitude #earthquake that jolts eastern #Turkey, happens in live TV. #deprem #elazig pic.twitter.com/HoLvRXIdKX
— Xhildinho Z (@xhildinho) January 24, 2020
Последните информации покажуваат дека најмалку 14 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 6,8 степени кој беше почувствуван и во соседството.
Според првичните информации, осум од загинатите се во Елазиг, а шест во Малатји.
Земјотресот е забележан во 17,55 часот на длабочина од само 2 километри, а се почувствувал во Ирак, Сирија, Либан и Израел.
The post Силниот земјотрес во Турција фатен во живо во телевизиско студио (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.