25.8 C
Скопје
19:19 - 18 мај, 2024

Шилегов: Добро знаете кој „командува“ со навивачките групи

Секогаш кога ја имаме ВМРО-ДПМНЕ во опозиција имаме провокации на национална основа, констатира скопскиот градоначалник Петре Шилегов, коментирајќи го настанот од населбата Ѓорче Петров, каде во вербален судир влегоа припадници на навивачката група „Комити“ и свадбари од албанска етничка припадност.

Денеска во Ѓорче ечеше „Мртов шиптар, добар шиптар“ (ВИДЕО)

– Вие подобро од мене знаете кој „командува“ со навивачките групи. Ја замолувам ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти практиката да си игра лесно со емоциите на луѓето, особено најдлабоките емоции како што се националните. За жал, изминативе 15 години таа партија покажа колку лесно се игра со националните и верските емоции, со цел да се реализираат политички поени. Таквата игра нема да донесе добро никому, а тоа е дефинитивно лесно запаллива материја, изјави Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека во опозициската партија постојат одговорни лица што нема да ги потхрануваат ваквите сценарија.

– Граѓаните да ја задржат рационалноста, мирот, стабилноста и разумот во своето однесување и да не подлегнуваат на ситни провокации, порача скопскиот градоначалник.

Во кус телефонски разговор за Слободен печат, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ги оквалификува обвинувањата на градоначалникот Шилегов како „бесмислени“, но додаде дека официјална реакција на партијата ќе има во текот на денот.

Претходно „Комитите“ соопштија дека нивни членови не требало да влегуваат во конфликт со лица кои не се членови на навивачка група.

– „Комити Запад“ се најстара и најголема навивачка група која има свој етички кодекс. Заради истиот, членовите кои беа дел од овој конфликт ќе се соочат со реперкусии. Но, исто така мора да напоменеме дека при самиот конфликт биле користени пиштоли и значки од МВР надвор од работно времe. Ова е уште еден доказ дека во МВР работите се трули. На Кале се вадеа лисици, во Ѓорче се вадат пиштоли. Имаме ли држава?!“, соопштија од навивачката група.

Од МВР потврдија дека се уште интензивно работат на идентификација на навивачите, кои по натпревар од ПМФЛ, игран на стадионот во Ѓорче Петров, со навреди на етничка основа скандираа кон граѓани од колона возила, кои со албански знамиња биле тргнати на свадбена прослава. Дел од нив, 16, се веќе идентификувани, а повеќемина се повикани на разговор во полициска станица. Од Обвинителството одговорија дека досега кај нив нема пријави и се уште е рано да се каже како би гласело можното обвинение.

Од Министерството велат дека ваквите инцинденти нема да ги толерираат и дека ги преземаат сите неопходни оперативни активности, но оттаму нема одговор дали има истрага за евентуално злоупотребување на положба и службено оружје, како што обвинуваат Комитите.

Додека се чека правната разврска, универзитетскиот професор Илија Ацевски смета дека  генерално проблемот со судирите иницирани од навивачки групи треба да се решава институционално, особено со поддршка од фудбалските клубови.

– Проблемот изгледа едноставно, но треба многу да се работи, како во 90-тите што се работеше во Хрватска, поради инцидентот меѓу српски и хрватски навивачки групи. Поедноставената дефиниција вели дека тоа е реакција и однесување на млади лица во група, каде карактеристика е брзо губење на поединечноста. Во ситуација кога реакцијата е мотивирана, од случувања во општеството, навивачките групи го изразуваат она што виси во заедницата во меѓуетничките односи. Кога овие групи ќе ги мотивира некој од надвор, лошо е да ги „пумпа“ со национализам, заклучува социолот Ацевски.

 

The post Шилегов: Добро знаете кој „командува“ со навивачките групи appeared first on Слободен печат.


Шилегов: Добро знаете кој „командува“ со навивачките групи was first posted on септември 21, 2020 at 2:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....