13.8 C
Скопје
20:13 - 3 мај, 2024

Нема одлука за дневниот престој во училиштата, се чека бројот на деца кои ќе следат настава со физичко присуство

Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кој се разгледуваше можноста за воведување на дневен престој во училиштата, но според зборовите на директорот на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата, Виктор Исјановски, одлука се уште не е донесена.

Не се донесе одлука, ќе се чека бројката на деца чии родители одбрале настава со физичко присуство  затоа што треба да се направат добри препораки – вели Исјановски.

Тој додава дека ова е многу комплексна одлука, односно дека, доколку се отвори дневниот престој ќе треба да донесат посебни насоки, па посочи дека засега се чека официјалната бројка на деца од МОН, по што ќе следуваат нови состаноци на Комисијата за заразни болести.

– Можеби оние што се пријавиле он лајн доколку се отвори дневен престој, ќе се премислат и ќе сакаат да ги пуштат децата со физичко присуство. Има многу фактори, нема да избрзуваме, но сега се чека конкретно бројка од МОН – заклучи Исјановски.

The post Нема одлука за дневниот престој во училиштата, се чека бројот на деца кои ќе следат настава со физичко присуство appeared first on Слободен печат.


Нема одлука за дневниот престој во училиштата, се чека бројот на деца кои ќе следат настава со физичко присуство was first posted on септември 21, 2020 at 12:37 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....