-3.2 C
Скопје
06:04 - 23 декември, 2024

Селективните „20 отсто на плата“ ги налутија другите лекари

Владата донесе одлука во рамките на третиот пакет економски мерки да се даде и награда на здравствените работници кои се вклучени во справувањето на пандемијата што ја предизвика вирусот ковид-19. Оваа одлука предизвика многу реакции бидејќи нејасно е кој ќе добие награда, бидејќи во соопштението на Владата не се споменува болницата „8 Септември“, матичните лекари, како и лекарите што по принципот на ротација работеа на Клиниката за инфективни болести.

„Лекарите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, на Универзитетската Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, на Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош, ќе добијат 20 отсто повисока плата за два месеци, која ќе биде исплатена преку домашна платежна картичка“, се вели во соопштението од Владата.

Претседателот на Синдикатот на клиничкиот центар Горан Беговиќ вели дека е добро што се наградува трудот на вработените, но дека треба да се опфатени сите што се вклучени во лекувањето на пациентите со ковид-19.

– Награда треба да има и за стотина лекари, медицински сестри и за хигиеничари од другите клиники и од јавната установа „Заеднички служби“, кои беа вклучени во работата на Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“ споделувајќи исти обврски и ризици –  вели Беговиќ.

Тој потенцира и дека може да се размисли и за награда за сите вработени во јавните здравствени установи, бидејќи сите на некој начин дадоа свој придонес и беа изложени на ризик. Од синдикатот сметаат и дека наградата треба да биде повисока, односно да се даде една цела плата или две плати по половина. Во изготвувањето на оваа мерка синдикатите не се консултирани.

Лекар од интерните клиники вели дека на Инфективната клиника работел три недели, покривал дежурства редовни како и празнични.

– Работевме исто како и вработените на Инфективната клиника, затоа е и нејасно зошто се прават поделби – вели специјалистот.

Дали ќе добијат награда вработените во болницата „8 Септември“, засега не може да потврди директорот Христијан Костов.

– Ние од 18 март сме ковид-центар, најголем тријажен центар каде што се примаат сомнителни пациенти од целата држава. Покрај лекувањето на ковид-19, кај нас овие пациентите ги добиваат сите други потребни медицински услуги. Сѐ уште имаме девет пациенти што се во исклучително тешка состојба, приклучени на апарати. Ние сме најголемата инфективна болница во земјава, па затоа очекуваме сите вработени во „8 Септември“ да бидат наградени – вели Костов.

Тој очекува од Министерството за здравство да добие попрецизни насоки и информации за оваа мерка.

Пациенти со ковид-19 примаат и инфективните одделенија во болниците во земјава во Дебар, Куманово, Велес, Штип. Дискриминирани се чувствуваат и матичните лекари. Претседателката на Здружението, Лилија Чолакова Дервишова, рече дека не бара награда, туку Владата да го исполни ветувањето за редовна исплата на капитацијата на матичните лекари, што сега им доцни 67 дена, последната исплатена им била за февруари, а во јавното здравство е исплатена и за април.

– Матичните лекари не смеат да бидат изоставени, поради тоа што тие ја понесоа целокупната тежина на овој момент. Целокупната тријажа се правеше преку матичните лекари, а во Дебар тие покрај другите обврски, земаа и брисеви за скрининг на населението – потсети д-р Чолакова Дервишова.

Таа информира дека тие сами си купиле опрема за заштита, маски и дезинфициенси, поставиле плексиглас на пунктовите кај медицинските сестри, ракавици и УВ-ламби и сè што било потребно за нивна заштита и заштита на пациентите.

– Нека ни ги исплатат заостанатите капитации. Тоа би било еден вид благодарност од Владата кон матичните лекари – додаде д-р Чолакова Дервишова.

Засега е нејасно кога и како наградата ќе биде исплатена, бидејќи како што стои во информацијата, таа ќе се исплати преку домашна платежна картичка. Според соопштението на Владата, кое се однесува на третиот сет економски мерки, со ваква картичка ќе може да се купуваат производи и услуги од домашно потекло.

The post Селективните „20 отсто на плата“ ги налутија другите лекари appeared first on Слободен печат.


Селективните „20 отсто на плата“ ги налутија другите лекари was first posted on мај 18, 2020 at 4:27 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....