-3.2 C
Скопје
00:28 - 25 ноември, 2024

Секретарот на Црвен Крст Дебар: 100 луѓе дневно ни бараат маски против коронавирусот

Секретарот на Црвен Крст Дебар, Исни Телчиу опишувајќи ја ситуацијата во градот, истакнува дека постои недостиг на маски и ракавици за заштита.

– Се чувствува недостаток, а цените во аптеките растат. Не секој може да ги купи. Имаме побарување, дневно 100 луѓе ни бараат маски. Ние имаме за волонтерите и за вработените, но немаме за другите, како општинска организација буџетот не е толкав – вели Телчиу за Слободен печат.

Тој вели дека неколку камиони со вода, млеко и хигиенски средства се очекува да пристигнат во градот денеска или утре, а потоа преку волонтерите на организацијата ќе им бидат поделени на ризични групи граѓани во Дебар и тоа приоритетно на старите и изнемоштени лица и на оние со хендикеп, кои не можат да излезат од дома.

– Состојбата делува психички врз луѓето. Затоа и психолози и социолози од денеска ќе почнат да им даваат помош преку телефон на луѓето што ги фаќа паника – додава Телчиу.

Дел од граѓаните на Дебар се жалеле и дека не можат да го продадат млекото од своите фарми, зашто откупувачот на млекото немал специјална дозвола да го изнесе надвор од градот во местото Трница, за да млекото биде преработено. Покрај млекото, има проблем и што 1.500 јагниња не можат да се извезат од некоја причина, чекаат во Дебар, ни рече Телчиу.

The post Секретарот на Црвен Крст Дебар: 100 луѓе дневно ни бараат маски против коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....