4.8 C
Скопје
21:28 - 25 декември, 2024

Се отвораат границите и аеродромите: Економијата веќе не е во куќен притвор

Стопанствениците и граѓаните се едногласни во одлуката дека последните мерки на Владата за отворањето на границите и на аеродромите, ќе дадат позитивен импулс за македонската економија. Според нив, зголемениот број патници, можноста да дојде дијаспората, олеснетиот проток на стоки и услуги, како и зголемената потрошувачка, се најважните придобивки. По повеќемесечното затворање на границите и нашата земја се приклучи кон државите од светот, кои се обидуваат да се вратат во нормала за да ја зајакнат економијата и туризмот. Тоа е ситуација што желно ја очекуваат илјадници потенцијални патници, кои со месеци и недели беа затворени дома. Сепак, на сите им е јасно дека ништо нема да биде како порано, но економијата веќе не може да ја издржи строгата изолација.

– Апсолутно позитивно ќе влијае одлуката за отворање на границите врз македонската економија. Ќе се зголеми протокот на луѓе, а тоа автоматски ќе ја зголеми и потрошувачката. Впрочем, тоа беше еден од најголемите минуси во изминатиот период. Да не ја заборавиме и дијаспората, која по правило се враќаше во татковината во летниот период, па сега иако во помал број, сигурно е дека и од нив ќе имаме поголема посетеност, а со тоа и поголема потрошувачка – вели за „Слободен печат“ Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите.

Претходно и од Стопанската комора на Северозападна Македонија побараа да се смени условот за самоизолација.

– Имајќи предвид дека дијаспората е од клучно значење за економијата на државата, особено во овој тежок економски период, условот за самоизолација претставува главна пречка за дијаспората да одлучи дали да ја посети земјата годинава, па затоа ние како СКСЗМ бараме овој услов да се промени најдоцна до 1 јули 2020 – неодамна соопштија од Комората.

Владата дозволи од петок да проработат и затворените делови на угостителските објекти, но според Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора при ССК, без да ги добијат пропишаните протоколи за работа, засега не може да знае како ќе се одвива работата на рестораните.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Бројките што зад себе ги остави речиси четиримесечно живеење во сенката на коронавирусот се немилосрдни. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2020 година е 0,2 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првото тримесечје номинално расте за 2,7 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63,2 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги се намали за 7,1 проценти, а увозот за 4,6 проценти. Засега не се знае точната бројка на загубените работни места, но според информациите на сајтот на Агенцијата за вработување, во март имало 107.732, а во април 114.762 лица. Во периодот на пандемијата мируваше и градежништвото, па според статистичките податоци во април се издадени само 173 одобренија за градба, што е за 27,9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Без отворени граници нема туризам и тука показателите беа очајни – бројот на туристите во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 99,1 проценти, а бројот на ноќевањата е намален за 97,2 проценти. Само за потсетување, на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, ТАВ Македонија бележеше постојан двоцифрен пораст на бројот на патници во изминатите 10 години. Авиосообраќајот беше во подем, сè до затворањето на двата аеродрома во март годинава, според Одлуката на Владата за спречување на ширење на коронавирусот.

The post Се отвораат границите и аеродромите: Економијата веќе не е во куќен притвор appeared first on Слободен печат.


Се отвораат границите и аеродромите: Економијата веќе не е во куќен притвор was first posted on јуни 24, 2020 at 1:55 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....