На видеото објавено на Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „не се чувствувал толку добро“ кога бил примен во болница во петокот (по локално време) после позитивниот тест за коронавирус.
Претседателот најпрво се заблагодари на медицинскиот персонал, на докторите, на медицинските сестри, на медицинскиот центар, кој го згрижи, како и за негата која му ја пружиле.
Трамп во видеото му порача на американскиот народ дека „немал друг избор“ освен да оди во болница по дијагнозата за коронавирус.
Тој во пораката рече дека „наскоро ќе се врати“ за да ја заврши својата кампања.
-Работиме напорно за да се вратам назад, мора да се вратам, затоа што мора да ја направиме Америка одлична, рече тој од Националниот воено-медицински центар Валтер Рид, каде се очекува да мине уште неколку дена.
Трамп им рече на своите приврзаници: „Сега се чувствувам многу подобро“.
-Ќе се вратам, мислам дека ќе се вратам наскоро и со нетрпение очекувам да ја завршам кампањата на начинот на кој што започнавме. Ќе го победиме коронаворусот, сега се чувствувам многу подобро, следниве неколку дена се клучни. Сакам да упатам голема благодарност до сите Американци кои ми посакаа побрзо закрепнување. Меланија е подобро, се справува добро со вирусот, многу добро знаете дека е малку помлада од мене- вели Трамп.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 3, 2020
The post Се огласи Трамп од болница: Се чувствувам подобро, благодарам за поддршката (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Се огласи Трамп од болница: Се чувствувам подобро, благодарам за поддршката (ВИДЕО) was first posted on октомври 4, 2020 at 8:02 am.