3.8 C
Скопје
19:28 - 27 декември, 2024

Сѐ уште нема одговорност за лекарката што влезе на ГАК и во Ремедика без да каже дека свекорот има Ковид 19!

И по 56 дена полицијата нема откриено кој ја украде изјавата на лекарката што влезе да се породи на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, без да каже дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид 19. Случајот предизвика бура реакции затоа што благодарение на ваквиот потег на младата родилка, во изолација во јуни отиде дел од персоналот не само на државна гинекологија, туку и персоналот од ,,Ремедика” каде што родилката се упатила од ГАК.

Ноќта меѓу 6 и 7 јуни лекарката влегла како пациентка на клиниката во деветтиот месец од бременоста и никому не му кажала, на задолжителниот епидемиолошки прашалник дека во семејството има дијагностициран позитивен случај на Ковид. Ја примиле на одделение со други родилки, во соба во која имало уште две жени. Докторката била примена без никакви симптоми, а на клиниката се расчуло, преку конекции на болничкиот персонал дека таа има позитивен случај во семејството. Веднаш кога дознале, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација и тогаш лекарката не сакала да се тестира. На своја одговорност, потпишала дека ја напушта клиниката и отишла во Ремедика да се породи.

Само еден ден подоцна, од медицинското досие на родилката на ГАК, некој го украде епидемиолошкиот прашалник каде таа навела дека немала контакт со позитивен. Болничката управа се сомнева дека изјавата од медицинската документација е украдена и тоа морало да го стори некој што работи на ГАК, а со цел да се избришат доказите дека родилката дала лажна изјава. Пријавено беше и во полиција, но до ден денешен, ниту изјавата е пронајдена, ниту кој ја земал од медицинското досие на лекарката.

Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, го пријави случајот во МВР и објаснувајќи дека само тој лист е истрган од медицинската документација на лекарката, но од МВР и Обвинителството, уште нема разрешница на случајот кој вќее и се подзаборави во јавноста.
Прашавме во МВР дали два месеци подоцна, истражните органи ја најдоа изјавата што родилката и лекарка ја дала при прием на ГАК и дали против неа има обвинителен акт.
,,СВР Скопје презема мерки и активности по добиени насоки од Основното јавно обвинителство во Скопје. Воедно, наведениот предмет е во надлежност на ОЈО Скопје”, кусо одговорија оттаму без никакви конкретни информации за сознанијата.

Директорката на ГАК пред два месеци тврдеше дека и се вршат притисоци од различни страни, да не продолжува со случајот и тој да се заборави. На камерите што ги поседува болницата, се гледа пациентката како ја потпишува клучната изјава во која тврдела дека немала контакт со заразен, но сега таа изјава ја нема, а на ГАК потенцијално уште работи тој што ја украл.
Доколку пациент потпише изјава дека немал контакти со позитивни лица и дека нема коронавирус, а се утврди дека не ја кажувал вистината, тоа е кривично дело. И самата родилка откако отишла во Ремедика, излегла позитивна на Ковид 19, по што беше префрлена на Инфективната клиника а оттаму на домашно лекување.

The post Сѐ уште нема одговорност за лекарката што влезе на ГАК и во Ремедика без да каже дека свекорот има Ковид 19! appeared first on Слободен печат.


Сѐ уште нема одговорност за лекарката што влезе на ГАК и во Ремедика без да каже дека свекорот има Ковид 19! was first posted on август 6, 2020 at 11:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....