-0.2 C
Скопје
18:17 - 22 декември, 2024

Сѐ што треба да знаете за корона вирусот

Појавата на новиот корона вирус во Кина, поради кој досега починаа девет лица, ги оживеа болните сеќавања на респираторната инфекција САРС, која пред 17 години однесе 800 животи, како и стравувањата од избивање на слична пандемија.

Светската здравствена организација (СЗО) денес на кризен самит ќе одлучува дали ќе биде прогласена меѓународна здравствна опасност, а едно од одлучувачките прашања ќе биде колку лесно вирусот може да се пренес од заразен човек на здрава особа и на кој начин со време тој мутира за да се прилагоди на огранизмот-домаќин. Новиот корона вирус кој се шири многу брзо, веројатно има потекло од лилјаците иако генетички е сличен со вирусите САРС или МЕРС, припаѓа на втората група наречена бетакоронавирус, се наведува во една кинеска студија.

Со овој вирус може да се заразат и дивите животни и луѓето. Можно е да има потекло од лилјаците слично како САРС-от, но меѓу овие животни и луѓето вирусот би можел да има повеќе домаќини-посредници, пишува „Чајна дејли“.

Првите случаи на заразата се откриени во кинескиот град Вухан каде досега од последиците од  починаа девет лица и заболеа повеќе од 400 луѓе, додека кинеските здравствени институции потврдија дека вирусот се пренесува од човек на човек. Сепак, досега нема индиции дека заразата се пренесува преку дишните патишта. Првите инфекции се поврзуваат со еден рибен пазар во Вухан, кој во меѓувреме е затворен, пишува „Дојче веле“.

Можно е дека првата зараза била таканаречена „зооноза“, што значи дека се случила во директен контакт на животно и човек, или како што се случува со овие зарази, да се пренела преку воздух. „Зоонозите“ можат да се пренесуваат и преку прехранбени производи, на пример, консумирајќи месо и други намирници од животниско потекло. Ако тие термички не се доволно преработени на висока температура или ако се приготвени во неповолни услови, таквите продукти можат да бидат извор за заразата.

Експертите неодамна ја „отклучија“ генетската секвенца на новиот корона вирус „2019-nCoV“, кој претходно не беше дијагоностициран кај луѓето. Корона вирусите се познати од 60-тите години на 20-тиот век. Името потекнува од вирусот кој потсеќа на круна.

Тие вируси не се ништо невообичаено. Често се инфекции кои во суштина се безопасни и поминуваат со симптоми слични на грип: грозница, кашлица, задишаност, а понекогаш и стомачни проблеми и дијареа. Меѓутоа, тие вируси се опасни поради фактот што поседуваат неверојатна моќ на преобразување, пишува „Дојче веле“. Спаѓаат во таканаречените РНК-вируси, бидејќи поседуваат рибонуклеинска киселина како генетски материјал.

Затоа имаат и голем генетички варијабилитет. Тоа значи дека лесно ќе надминуваат бариерите меѓу врстите за да пронајдат нов домаќин. Тие вируси можат, при неповолен развој на болеста, кај луѓето, заедно со воспаление на белите дробови да доведат и до смртен исход. На пример, во 2002 и 2003 година агресивниот корона-вирус „SARS-CoV“ предизвика епидемија. Беа заразени 8.000 луѓе, а илјада од нив починаа. Болеста се појави во 30 земји.

Во 2012 година е откриен вирусот „MERS-CoV“, кој се прошири на Арапскиот Полуостров. СЗО денес повика на кризен самит на кој ќе се договара за тоа дали ќе биде прогласена меѓународна здравствена опасност. Во таков случај се можни мерки за карантин, засилување на гранични контроли, основање на специјални здравствени центри за лечење, како и ограничување на меѓународниот патнички сообраќај. Веќе сега се воведени контроли за зголемена телесна температура на патниците кои влегуваат во Кина, како и на аеродромите на повеќе азиски земји, САД и Италија.

Досега ниту СЗО, ниту германското Министерство за надворешни работи на издадоа официјално предупредување за патниците кои имаат намера да го посетат Вухан. И понатаму се на сила општите хигиенски правила како и правилата за однесување – избегнување на контакт со луѓе кои имаат акутни респираторни потешкотии, како и со живи и мртви домашни и диви животни. Редовно миење на раце, особено по контакт со болни луѓе или нивната околина. Ескпертите се уште не сметаат дека постои опасност за светска епидемија, но велат дека во моментов е важно да се следи ситуацијата.

Претходно, властите во САД и Европа објавија дека се подготвени со сите капацитети да се справат со можна епидемија. 

The post Сѐ што треба да знаете за корона вирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....