18.8 C
Скопје
11:23 - 1 ноември, 2024

Русија обучува кучиња кои ќе го детектираат коронавирусот (ВИДЕО)

Вицепремиерка за здравство на Русија, Татјана Голикова призна „сериозно зголемување“ на случаите на коронавирус во Русија, но гарантира дека нејзината земја е подготвена да се соочи со тоа.

-Следевме зголемување на бројот на нови случаи со коронавирус во последните две недели. Ова е сериозно зголемување- изјави Голикова на прес-конференцијата, објави државната телевизија Русија 24.

Голикова рече дека зголемувањето е поврзано со враќање на работа на голем број вработени, како и раната есен, традиционална сезона на заразни болести.

-Немаме избор. Или ќе ги следиме безбедносните мерки пропишани од лекарите или ќе воведеме мерки за ограничување на движењето, што не сакаме и немаме намера да го преземеме”, нагласи таа.

Голикова присуствуваше на презентацијата на проектот на државната авиокомпанија Аерофлот, која започна обука за кучиња што можат да детектираат коронавирус.

Петнаесет кучиња шалајка (хибрид од чакали и лајки, раса на ловџиски кучиња од Сибир, создадена пред две години) кои имаат особено развиено чувство за мирис се обучени од јуни за откривање лица заразени со коронавирус.

-Овие примероци содржат мал број ДНК на ковид-19 што има специфичен мирис- објасни извршниот директор на Аерофлот, Виталиј Савељев.

Кучињата ќе можат да ги детектираат заразените од ковид-19 со душкање на заштитната маска на патникот или примерокот од нивната плунка. Тој прецизира дека првите резултати од проектот ќе бидат познати во декември.

Во Русија, во август починале 157.181 лице, што е за 9,6 проценти повеќе или за 13.787 повеќе од претходната година, објави рускиот државен завод за статистика. 

The post Русија обучува кучиња кои ќе го детектираат коронавирусот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Русија обучува кучиња кои ќе го детектираат коронавирусот (ВИДЕО) was first posted on октомври 3, 2020 at 9:48 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....