0.8 C
Скопје
09:14 - 22 декември, 2024

Рушењето на Универзална сала е рушење на идентитетот на Скопје и скопјани

„Што е Статуата за слободата за Њујорк, тоа е Универзалната сала за Скопје“, гласи една интересна паралела и компарација во текст од минатата година за да се објасни значењето на симболот на Скопје, Универзалната сала, опишана како „најтоплата приказна“ за нашата метропола.

Дури 37 земји во знак на универзална солидарност по земјотресот од 1963 година финансиски ја помогнаа изградбата на овој културно-музички храм, каде се одржани над 5.700 музички, културни и уметнички манифестации, следени од над 8.500.000 посетители.

Гордоста на Скопје, но и столбот на културната сцена на Македонија, Универзалната сала, се наоѓа во еден пресуден момент од својата историја, а планот за нејзино рушење и најавите дека на нејзино место ќе никне парк, а нова сала ќе се гради на друга локација, не само што ја налути јавноста, туку им нанесе огромен удар на сите граѓани кои се емоционално поврзани за овој култен објект.

Точно е дека на Универзална и се потребни промени, и тоа крупни, кровот пропушта веќе со години, па како што и самите политички партии ветуваа, така и граѓаните очекуваа и се надеваа на целосна реконструкција на салата во еден модернистички урбан објект кој ќе продолжи да работи со полна пареа.

И покрај сите ветувања, некако срамежливо, можеби малку и со страв, на страната на Град Скопје сега е објавен конкурс за идејно решение за изградба на нова Универзална на нова локација, откако претходно Асоцијацијата на архитекти даде препорака за дислокација на новата концертна сала, без никаква најава од претходно.

Дали можете да замислите да се сруши Статуата на слободата и истата да се дислоцира, односно да се изгради нов објект кој треба да го претставува истиот од претходно со сиот свој сјај и историско значење? Тоа дефинитивно никогаш нема да се случи, затоа што токму таа Статуа на слободата го претставува идентитетот на САД и тамошниот народ.

Па ако Универзалната сала го има истото значење за нас, означува симбол кој тежнееме да го зачуваме и е од неописливо значење за нашиот народ, тогаш зарем со неговото рушење, не се руши и идентитетот на целиот град?

Функционална Универзална сала во која ќе гледаме уште многу фестивали и концерти и тоа како е неопходна, но ние просторот го имаме, а потреба да го претвораме во парк и тоа во близина на Градскиот парк во Скопје, навистина нема.

Изградба на други нови концертни сали е инвестиција која исто така му треба на Скопје, но тоа ќе бидат сосема други музички институтции, со своја историја и свои посебни одбележја, но Универзалната сала е најсветиот културно-уметнички храм кој го имаме, а токму поради неа Скопје е град симбол на солидарноста и поради сето тоа рушењето не е опција, туку чин на сквернавење и голема навреда кон сите скопјани, но и кон цела Македонија.

The post Рушењето на Универзална сала е рушење на идентитетот на Скопје и скопјани appeared first on Слободен печат.


Рушењето на Универзална сала е рушење на идентитетот на Скопје и скопјани was first posted on јули 29, 2020 at 12:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....