Делегатите на Републиканската партија на денешната Националната конвенција во Шарлот официјално го номинираа Доналд Трамп за кандидат на претседателските избори во САД на 3 ноември.
Претходно, официјално беше потврдена и номинацијата на Мајк Пенс за кандидат за потпретседател на САД.
Пандемијата на коронавирусот ги наруши плановите на демократите и на републиканците да одржат големи предизборни конвенции, но републиканците, со строги здравствени протоколи, успеаја да спроведат поскромен собир испраќајќи во Шарлот само шест делегати од секоја држава.
Демократите, од друга страна, сите собири ги одржуваа виртуелно.
Сепак, конвенцијата не завршува во Шарлот, бидејќи 336 делегати се поканети во Белата куќа во четврток за да гледаат во живо како претседателот Трамп ја добива номинацијата од неговата партија.
The post Републиканците официјално го номинираа Трамп за кандидат на претседателските избори во САД appeared first on Слободен печат.
Републиканците официјално го номинираа Трамп за кандидат на претседателските избори во САД was first posted on август 24, 2020 at 7:54 pm.