-0.2 C
Скопје
02:27 - 22 декември, 2024

Репортажа од Штип: Текстилниот кластер најпогоден од Ковид-19 (ВИДЕО)

Центарот на текстилната индустрија во нашата држава, градот Штип, стана еден од главните жаришта на коронавирусот, па така во градот под Исарот моментално има 187 активни случаи со Ковид-19.

Токму текстилниот кластер е најкритичен, а досега 126 вработени во конфекции се позитивни на вирусот, додека околу 500 лица се во самоизолација.

Во разговор за „Слободен печат“, директорот на „Астибо Фешн Груп“ и конфекцијата „ВИТ“, Венцислав Филипов, вели дека непочитувањето на трите основни правила за заштита и превенција од Ковид-19 води кон засилено ширење на заразата.

Транспортот на конфекциските работници до фабриките исто така претставува голем проблем при ширење на вирусот. Групирањето на работници од различни конфекции во ист автобус дополнително го зголемува ризик факторот од Ковид-19, па поради тоа Филипов вели дека обезбедил посебно комбе за превоз на своите вработени.

Градоначалникот Благој Бочварски уште еднаш укажа на сериозноста на вирусот во Штип, но посочи и дека активно се преземаат мерки за што побргу надминување на кризата.

Кристина Ампева од здружението „Гласен текстилец“ вели дека најголем проблем за ширење на вирусот во конфекциите е превозот, но сега, како што вели таа, верува дека е регулиран, односно дека се превезуваат работници само со 50 отсто од капацитетот на автобусите.

Директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев не информираше дека поголемиот дел од случаите барем засега се асимптоматски.

Во продолжение погледнете го видеото:

The post Репортажа од Штип: Текстилниот кластер најпогоден од Ковид-19 (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Репортажа од Штип: Текстилниот кластер најпогоден од Ковид-19 (ВИДЕО) was first posted on јуни 12, 2020 at 6:11 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....