3.8 C
Скопје
15:48 - 27 декември, 2024

Религиите во време на корона: Литијата ги отвори вратите за Намаз

Литијата во Струга што ја организираше Црквата Св. Ѓорѓија на која значителен број верници прошета низ струшките улици, ги подигна тензиите во македонската јавност: Зошто во време на вонредна состојба, кога важат мерките за претпазливост некој не ги почитува и ја загрозува безбедноста на граѓаните?

Инаку револтот е уште поголема ако се има предвид дека кон мерките на владата се придржуваат најголемиот број граѓани и речиси сите органи и организации, здруженија, спортски асоцијации, фолклорни и танчерски школи и т.н.

Со оглед на фактот што Македонија е мултиетничко и мултиконфесионално општество Литијата во Струга на проверка ги стави и правилата на еднаквост на верските заедници и односот на државата кон нив. Имено, од утре и припадниците на исламската верска заедница ќе можат да одат на Намаз во џамиите кои Реизот Хаџи Сулејман ефенди Реџепи ќе ги отвори за нив за време на рамазанските празници.

Министерот за здравство Венко Филипче веднаш побара детална истрага во врска со масовното присуство на граѓани на литијата одржана на 7 мај, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија во Струга, а по информацијата од ИВЗ дека на 12 мај се отвораат џамиите тој повтори дека сè уште е на сила забраната за групирање на повеќе од двајца луѓе.

ИВЗ најави отворање на џамиите, но и заштитини мерки

Како ќе постапат властите во овој случај, останува да се види. Но ИВЗ веќе ги објави заштитните мерки за верниците кои ќе ги посетуваат џамиите за намаз. Меѓу 10-те мерки е и дезинфекција на џамиите, задолжително носење маска, чистење раце со средство за дезинфекција или носење ракавици, секој верник треба да си носи свое сеџаде, односно простирка за користење при молитва но и абдест за верско чистење пред молитва, затоа што тоалетите ќе бидат затворени, одржување физичка дистанца и избегнување на физички контакт, верските предавања да не траат подолго од 10 минути.

На оваа одлука на некој начин придонесе и изјавата на Бујар Османи кој во Струга присуствуваше како главен координатор на кризните штабови на општините за одбрана од ковид-19. Тој смета дека не е доволно да се казнува, туку важно е дали е научена лекцијата, затоа што како што признава и самиот, пропусти немало само во верските заедници туку и во многу сегменти во општеството.

Инаку во една Анализа на факултетот за безбедност за ефектите на безбедносниот систем во вонредна состојба, на едно од прашањата, како го оценувате однесувањето и придонесот на МПЦ и ИВЗ во корнакризата, 54 отсто од испитаните го оценуваат многу слабо придонесот на МПЦ, а слични се показателите и за ИВЗ, односно 58,6 отсто од испитаниците рекле дека придонесот е многу слаб.

Лидерите на политичките партии договрајќи го терминот за одржување на парламенатрните избори како основен предуслов ја земаат здравствената состојба на граѓаните и степенот на интензитет на коронавирусот. Па според тоа и ќе се придржуваат до мерките пропишани со вонредната состојба на држење дистанца, носење маски, дезинфекција при влез во затворени простории и мерење температура на граѓаните.

Верските заедници се однесуваат како да се над државата

Но се чини дека овие мерки не важат кога станува збор друг вид јавни собири, а тоа особено се однесува на верските заедници кога практикуваат верски обреди за време на празниците. Од таму е и впечатокот во јавноста дека тие се „над државата“. Инаку, верските заедници не се ниту над државата, ниту пак маргинализирани.

Според професорот Цане Мојановски кој долго време во минатото беше и претседател на комисијата за верски прашања, сите обврски што ги има секој граѓанин во државата ги имаат и верските лидери. Тој смета дека тие мораат да најдат начин како во организациска смисла да го подобрат функционирањето на заедниците кои ги предводат.

– Во организациска смисла, оние кои ги водат верските заедници можат да пронајдат историски искуства како што, на пример, московскиот Патријарх го стори тоа за време на велигденските празници кога се повика на теолошкото и историско искуство на Света Марија египетска во кој најде теолошки мотив за да ги одврати верниците од собирање во храмот. Исто така треба да се види во што е амалгамот што го променува грчката ПЦ или Руската ПЦ или ИВЗ на БиХ како искуство во односот на верските заедници и државата, затоа што и верските заедници и државата имаат иста одговорност да се грижат за граѓаните. Така што, на нашите верски лидери, на МПЦ и на ИВЗ, им недостига опит и модернизација на организацијата, а не менување на стандардите – смета Мојановски.

Неодговорноста за едниот настан, предизвикува неодговорност и за другиот.

Како при такво постапување на органите на власта ќе се однесуваат граѓаните кога толку посакуваната правна држава за која сите се залагаат всушност не функционира за сите подеднакво. Ова особено затоа што заради вмешаноста на политиката остануваат без пропишаните санкции кои инаку се применуваат кон сите други.

Владата на седница побара МВР веднаш да го испита одржувањето на литијата во Струга но и прославата за Денот на полицијата. Премиерот Спасовски порача дека Министерот за внатрешни Наке Чулев треба да понесе оставка како морален чин. А Чулев, пак, го упати професионалната одговорност да ја побара од луѓето во Бирото за јавна безбедност кои се поставени токму од него.

Во сопштението на ОВР Струга во врска со верската манифестација Еродија-Литија што се одржа во Струга, а во чест на празникот свети Ѓорѓија Победоносец, се вели дека полицијата, согласно предвидените безбедносни протоколи ги презела сите неопходни безбедносни мерки и постапувала во согласност со владините мерки и протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19.

 

The post Религиите во време на корона: Литијата ги отвори вратите за Намаз appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....