-1.2 C
Скопје
03:49 - 19 декември, 2024

Распуштена владата на Русија, Путин ќе го менува уставот

Премиерот на Русија, Димитриј Медведев, ја распушти Владата во Русија по обраќањето на претседателот на оваа земја Владимир Путин.

Медведев ова го соопштил по состанокот со рускиот претседател, кој му се заблагодарил на неговата работа.

– Во рамките со членот 117 од Уставот на Русија, актуелната влада поднесува оставка – рекол Медведев.

Медведев објаснил дека оваа одлука е поврзана со измените на Уставот.

– Ние како влада на Руската Федерација мораме да му пружиме на претседателот на нашата земја шанса за да ги донесе сите потребни одлуки за тоа – додал Медведев.

За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи измена на рускиот устав која би донела поголеми овластувања на парламентот и владата, потег кој би можел ја нагласи неговата намера да премине на ново место, а да остане на чело на власта и по истекот на неговиот актуелен мандат, пренесува АП.

Во годишното обраќање за состојбата на нацијата во Федералниот парламент пред највисоките функционери и пратеници, Путин предложи измена на уставот, со цел на пратениците да им се овозможи да го именуваат премиерот и членовите на Владата.

Тоа право моментално му припаѓа на претседателот.

The post Распуштена владата на Русија, Путин ќе го менува уставот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....