Гардата на Армијата на Македонија денеска точно напладне изврши промена на државните знамиња пред платото на Владата.
Свечениот чин е проследен од воениот оркестар на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на промена на државните знамиња е со цел за подигнување на чувството и почитта кон знамето на Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
Инаку чинот на промената на државните знамиња пред Владата се случува секој втор петок во месецот. На 28 февруари ваква церемонија ќе се одржи и пред Собранието.
The post Промена на државните знамиња пред Владата (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.