6.8 C
Скопје
10:03 - 23 ноември, 2024

Проф. д-р Шкариќ: Во истата секунда кога ќе заврши вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија – доколку се одложат можат да бидат оспорени од уставниот суд

Не може Уставот да се толкува само со читање на неговите одредби. Потребно е и теориско познавање. Ова прашање што е поврзано со распуштање на собранието е тесно поврзано и со тероријата на парламентаризмот. Без познавање на тааа теорија не можете да дадете точно толкување на значењето самораспуштањето. Нашето Собрание се распушта или самораспушта само во случај кога треба да следуваат предвремени избори. Се распупшта од внатре по предлог на пратениците. Во другите земји кај што постои вистински модел на парламентаризмот, тој се распупта под притисок нанадворешните фактори. Кај нас штом се распушта, се распушта заради тоа да се оди на предвремени избори. Штом се оди на предвремени избори мандатот на пратениците престанува, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, универзитетскиот професор, д-р Светомир Шкариќ.

Кога се пишувал Уставот не се размислувало што ќе се случи доколку Собранието се распушти во услови на вонредна состојба.

-Смислата на одредбата дека Собранието е во постојано заседание значи дека собранието само одлучува кога ќе има седница. Но, тоа важи само за редовното Собрание. Штом ќе се распушти, готово е. Кога се пишуваше Уставот предвидена е вонредна, воена состојба, но никој не размислувал што ќе се случи ако Собранието се распушти пред настапот на таквата сосотојба, вели д-р Шкариќ и додава дека Уставниот суд стои на истото стојалиште.

Околу правната логика дека сега практични не треба да се отвара дебата кога треба да се одржат изборите, Шкариќ вели дека изборните дејствија треба да продолжат во истиот момент кога престанува вонредната состојба.

-Во истата секунда кога ќе заврши вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија. По престанокот од вонредната состојба остануваат уште 28 дена за да се пополни рокот од 60 дена каде што Уставот е дециден. Ако тој рок се пробие Уставниот суд може изборите да ги прогласи за неуставни, вели Шкариќ.

 

The post Проф. д-р Шкариќ: Во истата секунда кога ќе заврши вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија – доколку се одложат можат да бидат оспорени од уставниот суд appeared first on Слободен печат.


Проф. д-р Шкариќ: Во истата секунда кога ќе заврши вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија – доколку се одложат можат да бидат оспорени од уставниот суд was first posted on мај 19, 2020 at 8:55 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....