1.8 C
Скопје
08:52 - 4 февруари, 2025

Продолжуваат антивладините протести во Бугарија: Демонстрантите бараат „независност од мафијата“

Околу 10.000 луѓе вчера се собраа во Софија на Денот на независноста барајќи „независност од мафијата” и оставка на Владата која ја обвинуваат за поврзаност со олигарсите.

На антивладини протести во повеќе градови се собраа по неколку илјади луѓе, а во Велико Трново, во центарот на земјата, демонстрантите извикуваа „оставка” за време на говорот на спикерката на Парламентот Цвета Карајанчева по повод националниот празник.

„Оставка” и „мафија” скандираа и демонстрантите во Софија, меѓу кои имаше многу млади луѓе.

Историската зграда на парламентот вчера ја чуваа три полициски кордони врз кои демонстрантите фрлаа петарди и шишиња.

Во Софија во последните два и пол месеци секојдневно се одржуваат протести против корупција и во нив учествуваат луѓе од различни сфери и политички определби, кои бараат „живот според европските стандарди”.

Најсиромашната земја во Европската унија, Бугарија, според индексот на корупција на невладината организација Транспаренси Интернешнл е и нејзина најкорумпирана членка.

На власт речиси една деценија е десноцентристичкиот премиер Бојко Борисов, чиј мандат истекува во март следната година. Тој одби да поднесе оставка со изговор дека е загрижен за стабилноста на земјата во контекст на здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека „успехот доаѓа преку дијалог, а не се конфронтација”.

Бугарскиот претседател Румен Радев, близок до опозициските социјалисти, им го честиташе Денот на независноста за „разбудените граѓани кои укажуваат на моралното пропаѓање”.

The post Продолжуваат антивладините протести во Бугарија: Демонстрантите бараат „независност од мафијата“ appeared first on Слободен печат.


Продолжуваат антивладините протести во Бугарија: Демонстрантите бараат „независност од мафијата“ was first posted on септември 23, 2020 at 9:02 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....