Француските власти го приведоа новинарот Таха Бухафс бидејќи на социјалните мрежи ја откри локацијата на претседателот Емануел Макрон додека тој беше во театар во Париз.
Поголема група демонстранти веднаш тргнала кон театарот и го нападнале театарот, по што Макрон беше евакуиран.
-Се наоѓам во театарот „Буфе ду Норд“. Три реда зад претседателот на Франција. Тука има и деностранти и ги повикуваат останатите да дојдат. Подготовките се во тек, вечерва ќе има случувања, напишал Бухафс.
Во последните неколку недели во Франција секојднено има протести против пензиската реформа која ја предложи Макрон. Некои од протестите станаа и насилни.
The post Приведен новинар кој ја откри локацијата на Макрон appeared first on Слободен печат.