2.8 C
Скопје
18:01 - 20 декември, 2024

Принцовите Хари и Вилијам ја прекинаа тишината: Објавија заедничко соопштение пред почетокот на кризниот состанок

Британските принцови Вилијам и Хари објавија заедничко соопштение во кое ги негираат наводите за „злоставување“, по известувањата на медиумите дека Хари се чувствувал малтретиран и дека поради тоа го напушта кралското семејство. Соопштението е објавено само неколку часа пред кризниот состанок со кралицата во Сандрингам, пренесува Мирор.

„И покрај јасното негирање, лажната приказна е објавена денеска во британските медиуми, а во неа се шпекулира за односот меѓу војводата од Сасекс и војводата од Кембриџ. За браќата кои толку длабоко се грижат за прашањата поврзани со менталното здравје, употребата на таква реторика е навредлива и штетна“, наведено е во соопштението на двата брата.

Денеска исто така е објавено дека Хари и Меган имаат план за кризниот состанок. Тие планираат да комуницираат преку WhatsApp за време на состанокот, пренесува Мирор.

Се наведува дека Меган му рекла на Хари дека за неа престојот во кралското семејство „не функционира“, а на Хари му се „крши срцето“ што е ставен во позиција да мора да бира меѓу неа и својата баба, кралицата Елизабета Втора.

 

 

The post Принцовите Хари и Вилијам ја прекинаа тишината: Објавија заедничко соопштение пред почетокот на кризниот состанок appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....